7.8 C
Скопје
22:50 - 1 април, 2026

(фото) Ал Пачино ужива во друштво на бившата, додека со новата млада чека бебе: Ултиматумите на Нур Алфалах очигледно се згазени

Холивудската ѕвезда Ал Пачино е повторно во центарот на вниманието – уловен е како го поминува времето со својата поранешна љубов, Беверли Д’Анџело, додека се подготвува да пречека бебе со неговата 29-годишна девојка Нур Алфалах, која инаку строго му забрани да се гледа со поранешната.

83-годишниот актер бил виден во друштво на Д’Анџело и нивните 22-годишни близнаци, Антон и Оливија, на семејно излегување во интимен ресторан во Лос Анџелес за време на викендот.

Иако никогаш не се венчаа, Пачино и Д’Анџело останаа блиски пријатели од нивната разделба во 2004 година.

Инаку, сега Пачино е во врска со младара Нур Алфалах која е бремена, а ова ќе биде четврто дете за ѕвездата. Некои американски медиуми пишуваа дека Алфалах толку се налутила на средбата на Ал Пачино со поранешната љубов, што си заминала од дома, но извори блиски до парот откриваат дека таквите информации не се точни и дека тие се се уште заедно и вљубени.

Во меѓувреме, Д’Анџело неодамна сподели детали за нејзината врска со Пачино, која започнала пред 27 години кога двајца уметници се вљубиле. И покрај нивното раскинување, тие продолжиле да се грижат заедно за нивните две деца и со текот на годините развиле длабоко пријателство, како што објасни самата Д’Анџело.

Слични објави

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.
Се вчитува....