12.8 C
Скопје
17:40 - 3 април, 2026

(Фото) Аферата „Барселонагејт“ повторно ја тресе Бугарија – Борисов купил хациенда за неговата љубовница

Истрагата го идентификуваше eкс бугарскиот премиер Бојко Методиев Борисов како вистински извор на средствата за стекнување на имотот. Ова се тврди во документите доставени од главниот обвинител Иван Гешев во врска со истрагата „Барселонагејт“.

Станува збор за имот од 2,9 милиони евра во Барселона, стекнат со цел Борислава Јовчева и нејзиното семејство да живеат таму.

Истрагата нагло се забрза откако ГЕРБ почна да го поддржува разрешувањето на бугарскиот главен обвинител. Дел од документите најпрвин ги објави сајтот Bivol, а потоа извадоци објави и главниот уредник на Бирд Атанас Чобанов.

„Средствата во наведениот износ не можат да имаат правно потекло, бидејќи Борисов нема имот што би му овозможил да направи таков трошок. Парите за купување на имотот оделе преку фирмата „Тера тур сервис“ ЕООД со која управувал таткото на лицето Валентин Василев Златев кој е во блиски пријателски односи со Борисов. Во моментот на стекнување на имотот Борисов имал интимна врска со Јовчева со која има дете. Оваа врска Борисов ја негира, но докази се прибрани, бидејќи ги негира односите со споменатото лице за да не биде фатен во коруптивни дејствија“, се вели во официјалниот документ на обвинителството, потпишан од обвинителот Стефан Христов од градското обвинителство на Софија, објавен од „Bivol“ .

Дел од информациите за оваа куќа беа откриени уште во 2016 година во записите за аферата Јаневагејт, а неколку години подоцна, каталонската полиција започна истрага по дојава на BOEC, пренесуваат бугарските медиуми. 

Слични објави

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Раскинаа ли Јована Јеремиќ и Тигар? Водителката се огласи додека тој ужива во Грција: „Избери маж кој не бега кога е тешко, туку останува“

Еспресо

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.
Се вчитува....