03:48 - 7 ноември, 2026

Џони Деп е многу лут на Дизни – го шутнаа поради Амбер Херд, а сега сакаат да го враќаат

Ќе се врати ли Џони Деп во „Пиратите од Карибите“ е едно од најважните прашања во светот на филмот, а кое чека официјален одговор.

Пријателите на Деп велат дека тој засекогаш завршил со Дизни и дека им е лут затоа што ја прекинале врската со него, откако поранешната сопруга Амбер Херд го обвини за злоупотреба.

Пријателите на актерот велат дека Деп рекол дека не е заинтересиран да се појави како Спероу. „Само така го отфрлија, а Амбер лажеше“, рекол пријателот на Деп.

Наводно му понудиле 20 милиони долари за да се врати во улогата на Џек Спероу.

Да потсетиме, на крајот на минатата година, продуцентот Џери Брукхајмер изјави дека „работат на тоа“ за да го вратат Деп во новиот дел на Пиратите од Карибите. Брукхајмер бил отворен за опцијата Деп да се врати во франшизата на Дизни бидејќи без неговиот лик, кој се појави во сите пет дела, невозможно е да се замисли шестиот дел.

Филмот е ставен во мирување бидејќи не се знаеше како ќе заврши судскиот спор на Деп со Амбер Херд, бидејќи Дизни го суспендираше поради тоа.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....