-0.2 C
Скопје
08:58 - 3 февруари, 2026

(Фото) Адријана Лима ја обожава својата поранешна свекрва, ѝ испрати емотивна порака

Светскиот топ модел Адријана Лима, или како што ја нарекуваат најпознатата поранешна српска снаа, сè уште е многу блиска со семејството на нејзиниот поранешен сопруг, познатиот српски кошаркар Марко Јариќ.

Адријана Лима и Марко Јариќ беа во брак од 2009 до 2016 година. Во текот на нивниот заеднички живот, тие добија две ќерки, Валентина и Сиена, кои се центарот на нивниот свет. Иако се разведоа, Адријана задржала исклучително добар однос со мајката на Марко, Лепослава Јариќ.

Нивниот однос се темели на меѓусебно почитување, искреност и топлина, а Адријана тоа не го крие ниту јавно. На социјалните мрежи, манекенката во една прилика сподели емотивна порака посветена на својата поранешна свекрва, која таа и нејзините ќерки од милост ја нарекуваат Жижа.

„Чест ми е што си баба на моите деца. Жижо, ние те сакаме“, напишала Адријана, јасно ставајќи до знаење дека семејната љубов не завршила со разводот.

Како што пишуваат медиумите, Лепослава Јариќ често патува во Мајами за да помине време со своите внуки, а Адријана Лима секогаш ја пречекува со отворено срце. Нивната приказна покажува дека зрелите односи можат да преживеат дури и кога животните патишта се разминуваат.

Манекенката во август 2022 година го роди своето трето дете, синот Сајан, а во 2024 година се омажи за филмскиот продуцент Андреа Лемерс, таткото на нејзиниот син. Денес, таа живее исполнет семеен живот, градејќи нова среќа, но не заборавајќи ги врските што го обележаа нејзиното минато.

Освен Марко, Лепосава има уште две деца – Тамара и Никола. Адријана Лима е исто така во одлични односи и е во контакт со Тамара Јариќ секојдневно.

Лепосава е одмерена дама која плени со харизма, а се појавува во јавноста само кога има силна причина за тоа. Па така, во 2019 година, заедно со бројни други јавни личности, таа им додели пакетчиња на децата од Детското прифатилиште.

 

 

 

 

Слични објави

(Видео) Жешки кадри од креветот: Ѓина Џиновиќ провокативно позираше во кратки шорцеви и маичка

Еспресо

Хороскоп за 3 февруари: Овните ќе пленат со позитивна енергија, Раковите ќе се фокусираат на тимска работа

Еспресо

Огњен Амиџиќ шокираше со својата реакција на прашањето за венчавката на неговата бивша, oткри дали си размениле честитки

Еспресо

(Фото+видео) Каролина Гочева со доза „рај“ од далечината: Егзотично бегство на Сејшелите со сопругот!

Еспресо

(Фото) Ги остави сите во неверување: Маја Николиќ позираше на снегот во гаќи и маичка

Еспресо

„Секој дома има свој тоалет, дури и жените што готват“: Вики Миљковиќ „плива“ во пари

Еспресо
Се вчитува....