16:55 - 13 ноември, 2026

(Фото) Адел сè поневеројатна: На сцена во кадифен фустан и шал-појас со скулптурна тока

Адел ја започна својата серија концерти во Лас Вегас и покажа многу стил за таа пригода. Таа се одлучи за тотално црна комбинација, комбинирајќи кадифен фустан со ремен со скулптурна тока. 

Адел конечно им се врати на настапите во живо: по низата континуирани одложувања поради пандемијата, конечно ја започна серијата концерти во Лас Вегас, градот во кој ќе престојува три месеци.

Пејачката на крајот од концертната турнеја ќе направи привремена пауза од музиката за да се посвети на учењето, всушност веќе најави дека сака да дипломира англиска литература. За фановите, според тоа, ова е единствена можност да ја видат во живо и, судејќи според дебито, на сцената нема намера да ги разочара нивните очекувања.

За стартот, поп-ѕвездата вложи сè на елеганцијата потпирајќи се на целосно црната модна комбинација, а додавајќи блескав додаток – скапоцени камчиња.

За да го заокружи модниот впечаток од елегантниот кадифен фустан, Адел избра светкав појас, вистински скапоцен камен од високата мода, занаетчиски изработен, што не можеше да остане незабележан. Станува збор за свилена марама обвиткана околу половината во функција на ремен, чија особеност лежи во токата која прикажува златен цвет со микро ливчиња што го опкружуваат.

Накратко, Адел е вистинска кралица на елеганцијата, а тоа го докажа за време на нејзиното деби во Лас Вегас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Слични објави

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо
Се вчитува....