7.8 C
Скопје
22:50 - 1 април, 2026

ФБИ: Алек Болдвин го повлекол чкрапалото за време на инцидентот на снимањето на „Рѓа“, „оружјето не можело самостојно да пука“

Пукањето на Алек Болдвин на снимањето на филмот „Рѓа“ (Rust), ​​во кое загина кинематографката Халина Хачинс, не било случајно, се вели во извештајот на ФБИ, пренесува ABC News.

Истрагата покажала дека внатрешните компоненти на реквизитот- револверот што го држел актерот не се оштетени и оружјето не можело самостојно да пука без да го повлече чкрапалото.

Претходно, во интервју за ABC News, Болдвин рече дека не го повлекол чкрапалото.

Да потсетиме дека трагедијата на сетот на „Раст“ се случи во октомври 2021 година. Главниот актер Алек Болдвин испукал од пиштолот кој се покажал дека бил наполнет со боева муниција. Во пукањето загина кинематографката Халина Хачинс и беше ранет филмскиот режисер Џоел Соуза.

И покрај тоа што не бил задолжен за оружјето, Болдвин е обвинет од семејството Хачинс дека ги игнорирал безбедносните прашања на снимањето.

Слични објави

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.
Се вчитува....