-3.2 C
Скопје
06:22 - 23 декември, 2024

Фатални и нескротливи: Три хороскопски знаци кои мажите ги менуваат како чорапи

Некои жени имаат таква ѕвезда што – штом врската се зацврсти, неверствата почнуваат токму оттаму.

Астролозите тврдат дека тоа зависи од знакот на Зодијакот. Односно, жените родени под одредени знаци секогаш треба да ги држите будни во врските, инаку имаат потреба да изневеруваат и да бараат нова љубов и страст.

Еве кои се тие.

Риби

Претставничките на хороскопскиот знак Риби се многу посветени партнерки кои ја сакаат и ја негуваат својата сродна душа. Сепак, ова не е секогаш доволно за силна врска. Девојките родени во знакот Риби можат да се заљубат наеднаш во неколку мажи, па без разлика што си го сакаат партнерот/сопругот лесно може да влетаат во паралелна врска, па дури и во две. Од друга страна, тие се и знак кој најлесно го оставаат партнер. Така, Рибите го носат надимакот на љубовни пчелки, со следниот цвет лесно можат да заборават на претходниот, иако нема да престанат вечно да го сакаат.

Девица

Девиците обично се страсни дами во кревет, но тоа не секогаш им помага за одржување на врските. Ако партнерот не им одговори со иста страст, тие ќе почнат да анализираат зошто е тоа така и тврдоглаво ќе дојдат до заклучок дека не се доволно сакани. По заклучокот следува потрага на нова љубов, онаа вистинската, и така до бескрај. Сепак, среќната вест е дека тоа не го прават доживотно, туку само додека се млади. Кога ќе основаат семејства, и кога ќе изградат стабилна кариера, тогаш немаат „време“ за љубовни триаголници.

Скоприја

Скорпиите се познати по својата посветеност, и на партнерот и на децата, па би се рекло дека се идеални сопруги. Човек да гледа отстрана би рекол – никогаш не изневеруваат. Никогаш? Скорпиите се одликуваат со сомнеж во себе,  секогаш бараат потврда дека се најдобри, па штом партнерот нема да им ја надополни самодовербата, ќе најдат утеха во друга прегратка. Најопасно е тоа што и во другиот ќе гледаат деца, топол дом и среќна иднина, а се уште не расчистиле со првиот. Тешко се одлучуваат на разводи, разделбите не ги поднесуваат, па така може да заглавите со жената Скорпија во вечен љубовен триаголник.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....