13:35 - 6 април, 2026

Фаталната заводничка од „Среќни луѓе“ со шокантно признание: И на 54 години го цицам палецот

Српската актерка Срна Ланго, која публиката ја памети како една од најголемите убавици од култната серија „Среќни луѓе“, со децении се смета за една од најубавите жени на српската сцена.

И додека речиси сè е познато за нејзината кариера, Срна неодамна ја шокираше јавноста со признанието за навиката од која не се откажала дури ниту на 54 години.

Имено, актерката отворено признала дека сè уште го цица палецот, навика што ја задржала уште од детството, и дека во тоа не гледа ништо необично ниту проблематично.

Како што објаснила Срна, нејзините родители никогаш сосила не ја одвикнувале, што таа го смета за важна причина зошто денес нема траума.

– Па, да, јас не знам што е толку необично во тоа. Моите не беа од типот да ме одвикнуваат, да ми го ставаат прстот во лута пиперка. Се чини дека премногу сметаа на мене, бидејќи мислеа дека сум способна да решам многу работи што никогаш не беа решени. Инаку, не бев склона кон трауми и сега не сум склона кон трауми – рекла Срна.

Актерката открила дека палецот за неа има посебно значење и дека и денес ѝ дава чувство на сигурност.

– Инаку, имам и други шифри кои се многу полоши од цицањето прст – рекла актерката.

За потсетување, Срна Ланго дипломирала глума на Факултетот за драмски уметности во класа со Катарина Жутиќ, Растко Лупуловиќ, Ивана Жигон, Ненад Јездиќ, Бојан Маљевиќ и Александар Среќковиќ Кубра.

Првата голема популарност ја стекнала токму во серијата „Среќни луѓе“, по што се нижеле улоги во проекти како „Јелена“, „Нож“, „Вистини и лаги“, „Викенд со таткото“ и многу други.

 

 

 

Слични објави

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо
Се вчитува....