-4.2 C
Скопје
07:42 - 22 декември, 2024

Фасцинантна љубовна приказна на Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ: Почнала да пее на 15 години, се омажила на 18, а потоа лудо се заљубила во Саша

Сузана Јовановиќ и Саша Поповиќ се едни од најскладните естрадни парови. Нивните индивидуални, но и нивните заеднички животни приказни се уникатни и се карактеризираат со голема љубов која опстојува долго време.

И денеска се пред нова пресвртница, бидејќи, како што пишуваат српските медиуми, креативниот директор на „Гранд“ последните месеци се бори со здравствени проблеми, поради што целосно се повлече од јавноста и од снимањето на популарната натпреварувачка емисија.

Пејачката Сузана Јовановиќ важи за вистинска жена од народот. Таа е мајка на две деца, а луѓето ја сакаат пред се поради нејзината скромност и природност, кои никогаш не исчезнале и покрај сиот успех и популарност. Денес, пак, таа не е толку активна во светот на музиката, бидејќи како што истакнува, нејзиното семејство ѝ е на прво место.

Нејзината кариера започнала кога имала само 13 години, период кога учествувала на бројни музички натпревари. Нејзината прва „тезга“ била свадбата на соседот, кога имала само 15 години, а тогаш знаела да испее едвај десет песни.

– Добив толку многу бакшиш, што се срамев од оние луѓе кои толку многу работат, толку свират, толку многу се мачат и секако му го дадов бакшишот на хармоникашот, кој подоцна подеднакво го сподели со бедот и со мене – се присети Сузана на своите музички почетоци.

Нејзината мајка била против желбата на нејзината ќерка-единица да се занимава со музика, но татко ѝ ја поддржал нејзината амбиција и ја возел на свадби додека не станала полнолетела, го положила возачкиот испит и купила автомобил. Ја исполнила желбата на мајка си и завршила бизнис школа, за да има каква било диплома.

Млада, убава и успешна, набрзо за првпат се заљубила и се омажила на 18 години. Во бракот го родила Даниел, но врската завршила набрзо, кога нејзиниот син имал само седум месеци. Наскоро, во желба да обезбедат подобра егзистенција на детето, и бабата и дедото се грижеле за внукот, а таа се посветила на музичката кариера.

Тогаш се преселила во Белград, почнала да гостува во радио и ТВ емисии. Со текот на времето пристигнале поголеми ангажмани, па во 1996 година била повикана да пее на свадбата на пејачката Злата Петровиќ и водителот Зоран Пејиќ Пеја, каде за прв пат се видела очи во очи со тогашниот мегапопуларен Саша Поповиќ, хармоникаш на познатиот бенд „Слатки грех“ кој ја придружуваше Лепа Брена.

-Не покажуваше толку, но подоцна од некои луѓе слушнав дека „повлекол око“ на мене. Тогаш го остваривме нашиот прв контакт. Сале имаше пејџер, а јас му го дадов фиксниот број. Се договоривме да се слушнеме, но така тоа помина. Работев многу, не ни помислував дека нешто може да се случи меѓу нас – се присетува таа.

Судбината ги вмешала прстите кога пријателката на Саша била ангажирана да направи спот за песна на Сузана.

– Марина Украден снимаше спот за мојата песна „Нема кајања“, и тогаш го повика да дојде да се запознаеме. Бев цела фина, слатка, дотерана за спотот, а тој беше воодушевен од тоа како изгледам и набрзо се договоривме да излеземе некаде – се присетува Сузана и додава дека на почетокот само се дружеле и биле двајца пријатели, и дека ни сама не знае како се случило да се заљубат: – Буквално, тие наши состаноци беа засновани на пријателство. Немаше ниту едно движење, гест или збор што отриваше дека му се допаѓам, или, таман работа јас тоа да го кажам како женско. Се дружевме како две најдобри другари, за ручеци, на колачи, пијачки… И не знам како се случи љубовта, но се случи – рескажуава Сузана.

Пресврт се случил кога Сузана пеела на свадба во Јагодина, кога останала без возач и не знаела што да прави, па го повикала Саша да најде решение. Таа не очекувала дека ќе и понуди да ја однесе тој, а додека стигнале до ресторанот, сфатила дека тој всушност сака тие да се забавуваат.

– Ми рече: “Дојди да те бакнам! Готово е, ти си моја и тука е крајот на приказната”. Кога прашав како твоја, ми одговори: „Ти си моја девојка, жена, земи како сакаш, дојди да те бакнам за да пееш поубаво во текот на целата свадба“. И се сеќавам дека тоа беше бакнеж во образот. Дојдов дома и ѝ реков на маќеата: „Селе, утре нема да се мијам, овој бакнеж мора да остане овде“. Оттогаш, тројцата секогаш се шегувавме кога ќе се сретнеме дека не се измив три дена заради бакнежот од Саша- низ насмевка се присетува пејачката.

Следната година Саша и Сузана почнале да живеат заедно. Тој тогаш градел куќа, имале една соба, бања и кујна, но тоа воопшто не им пречело, а Сузана и нејзиниот син Данијел, кој тогаш одел во четврто одделение во основно училиште, започнале нов заеднички живот.

Година и пол подоцна, како што вели, „во еден сосема обичен ден, после појадокот“ Саша ѝ рекол на Сузана да се облече малку поубаво бидејќи сакал да ја однесе некаде. Тие се упатиле кон Нови Сад.

– Сале има таму сестра, девер и братучед, па мислев дека ме носи да се сретнам со нив. Сепак, не. Стигнавме во Нови Сад, каде што ме одведе во златарницата на неговиот пријател, а јас сè уште не размислував што ќе правиме таму. На другар му му рече: „Ајде покажи ни што имаш од прстени“, на што помислив дека сака да ми купи обичен подарок. Но, додека гледав во некои обични прстени со циркони, тој ми рече: „Не, не, остави ги тие настрана, те молам извади го поубавите, со скапоцени камења“. На моето прашање зошто сето тоа, никогаш не сум побарала и не сум посакала толку скап подарок, тој само ми рече: „Те молам, како да ти купам обичен веренички прстен“.

Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ се венчаа на раскошна свадба во 1997 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Narodna Muzika (@narodnjaci_)

Две години подоцна, во 1999 година ја добија ќерката Александра, а Сузана реши да ја остави кариерата на страна и да се посвети на тоа да биде мајка и сопруга. Сега вели дека знаела дека Саша е вистинскиот маж за неа бидејќи го прифатил нејзиниот син Даниел како свое дете.

-Кога се роди Алексадра, тој никогаш не направи разлика, ниту пак почувствував дека го трга Даниел на страна, дека Даниел има помалку права од Александра – истакнува таа и додава дека и таа и Саша ја поддржуваат одлуката на нивните деца да не се експонираат. Тие веќе водат прилично приватен живот.

Саша Поповиќ, кој преживеа цела ера на огромни успеси на Лепа Брена и Слатки грех, како и финансиски пад и банкрот, ја запозна Сузана Јовановиќ по тежок период во неговиот живот, по кој сè се промени.

-Имав 42 години кога ја запознав Сузана и се заљубив во неа! Се запознавме кога живеев во гарсоњера. Ме привлече нејзината насмевка и тоа што е секогаш добро расположена. Има прекрасна душа… Таква личност ми недостигаше во животот. За 27 години што сме заедно, никогаш не сме се скарале.

Како што вели, го сака синот на Сузана од првиот брак, Даниел, кој сега има 34 години, како да му е татко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Grand tv (@grand_televizija)

– Живеам со него од неговата десетгодишна возраст. Тој е прекрасно и добро воспитано дете, вели Саша.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plus Radio (@plusradio.us)

Слични објави

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо
Се вчитува....