16:06 - 3 април, 2026

Фановите ја прозваа Бијонсе за лицемерниот говор на Греми: „Пее во хомофобниот Дубаи за 24 милиони долари, а тука се заблагодарува на ЛГБТ заедницата“

Бијонсе беше на удар на критики за нејзиниот говор на Греми наградите, а многумина ја нарекоа „дволична“ и „лицемерна“ за она што го кажа на сцената додека ја примаше наградата.

41-годишната пејачка влезе во историјата соборувајќи го рекордот по бројот на освоени Греми откако ја доби својата 32-ра статуетка на церемонијата. Зборувајќи пред присутните, таа низ солзи им се заблагодари на својот сопруг, децата и починатиот хомосексуален вујко и нагласи дека својот албум го посветила на црнечката и queer денс култура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WE SUPPORT BEY (@wesupportbey)

Сепак, обожавателите ја прозваа ѕвездата затоа што во нејзиниот говор ја спомнала ЛГБТ заедницата, бидејќи неодамна одржа концерт во хомофобниот Дубаи, за кој беше платена неверојатни 24 милиони долари.

-Бијонсе се заблагодарува на квир заедницата на Греми, денови по настапот во Дубаи… Сега ми е мило што не го освои албумот на годината, напиша еден корисник на Твитер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beyoncé (@yonceiicon)

– Очигледно заборавила дека за 24 милиони долари се согласила да пее во земја во која се убиваат ЛГБТ лица, додаде друга корисничка на Твитер.

Да потсетиме, спорниот концерт се одржа само за лица со ВИП влезници, кои мораа да се појават во свечена облека. Публиката беше воодушевена од големиот огномет, а меѓу познатите во публиката беа и Клои и Хали Бејли, Ниа Лонг, Кендал Џенер и Ребел Вилсон.

Настапот го започна со At Last од Ета Џејмс, а потоа следеа нејзините хитови Beautiful Liar, Halo, Crazy in Love и други. Интересно е што Бијонсе не изведе ниту една песна од нејзиниот последен албум Renaissance од 2022 година, кој беше номиниран за Греми и кој го посвети на ЛГБТ заедницата.

 

 

 

Слични објави

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо
Се вчитува....