15:27 - 8 април, 2026

Еве зошто Хари и Меган нема да останат без кралските титули: Кралски инсајдер ја открива вистината

Кралот Чарлс III од Велика Британија нема да им ги одземе титулите на војводите од Сасекс на принцот Хари и Меган Маркл, известува англискиот портал Пејџ сикс.

Кралски инсајдер изјавил за порталот Пејџ сикс дека без разлика што е прикажано во вториот дел од документарната серија на Нетфликс, Хари и Меган, Чарлс Трети веројатно нема да им ги одземе титулите на војводите од Сасекс.

„Најверојатно, кралот никогаш нема да ги лиши Меган и Хари од нивните титули. Главно затоа што би било премногу ниско и казнувачко. Дополнително, ако го стори тоа, војводите од Сасекс веднаш ќе се изјаснат дека биле во право, а одземањето на титулите докажува дека тие никогаш не му биле потребни на кралското семејство “, вели инсајдерот.

Принцот Хари и Меган Маркл ги добија титулите војвода и војвотка од Сасекс од покојната кралица Елизабета Втора на денот на нивната венчавка, 19 мај 2018 година. По објавувањето на првите три епизоди од нивниот документарен филм на Нетфликс, критичарите на парот побараа Чарлс Трети да ги лиши Меган и Хари од нивните кралски титули.

„Кралот мора да им ги одземе сите преостанати титули и врски со кралското семејство на овие двајца отровни стаорци, а тоа мора да се направи брзо пред да ја уништат монархијата“, неодамна рече кралскиот писател Пирс Морган.

Слични објави

На Здравко Чолиќ ќе му врачат димпломатски пасош на Босна и Херцеговина

Еспресо

(Фото) Многу си личат: Ова е сестрата на Бојана Скендеровски

msp-admin

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

apostolova

По 84 години Уран влегува во Близнаци – започнува седумгодишна ера на револуција и промени

Т.Ц.

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо
Се вчитува....