5.8 C
Скопје
05:55 - 1 април, 2026

Еве во каква здравствена состојба е Саша Ковачевиќ: Колабирал и заврши во Ургентен центар, а сега…

Српскиот поп-фолк пејач Саша Ковачевиќ, кој е еден од најбараните изведувачи во регионот, во последно време се префорсирал поради што бил принуден да побара лекарска помош.

Последниве месеци имал напорен распоред, често патувл и имал голем број концерти во регионот и дијаспората, поради што колабирал, а имунитетот драстично му паднал. Пред неколку дена почувствувал слабост во телото, поради што заврши во Ургентниот центар во Белград.

– Саша се зарази со вирус пропратен со висока температура и сега прима витамински коктели и инфузии. Тој е на специјална диета и прави се што е во негова моќ да си ги врати силите и да продолжи со настапите кои ги закажа со месеци однапред. Еден од нив требаше да биде викендов, но беше принуден да го откаже поради болеста – изјави извор близок на поп пејачот кој сакал да остане анонимен, за српските медиуми.

Дека информацијата е точна потврди и неговиот ПР тим кој на Инстаграм профилот на Саша Ковачевиќ објасни зошто е откажан концертот што требаше да се одржи синоќа во Инџија.

-Почитувани посетители, ве известуваме дека концертот на Саша Ковачевиќ е откажан поради непредвидени околности и болест на пејачот. Ви благодариме на разбирањето – стои во известувањето.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....