6.8 C
Скопје
08:19 - 1 април, 2026

Еве што се случувало пред сообраќајката на Аца Лукас: „Беше исклучително добро расположен“

Аца Лукас доживеа сообраќајна несреќа во неделата во близина на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, само неколку моменти по слетувањето од Амстердам.

Според извор близок на Лукас кој открива за српските медиуми, Лукас бил исклучително добро расположен, бидејќи неговата најмлада ќерка Викторија го дочекала заедно со возачот, со која претходно се договорил денот да го поминат заедно. И никој не ни сонувал дека нешто може да го промени планот.

Како што пишува српски Курир, додека се уште бил во Холандија, Аца се слушнал со својата ќерка, со која се договорил да го поминат денот заедно. Токму поради оваа причина девојчето било на аеродром.

– Лукас имаше одличен настап во градот Хофдорп во близина на Амстердам. Сите гости беа презадоволни, одлично си поминаа. Кога се разбудил, отишол да купи подароци за Викторија. Тој ѝ купил торба полна со облека и плишано мече кое држи срце. Пријателите кои живеат во Холандија го повикале да оди со нив, но тој не сакал. Истакнал дека ќе ѝ купи нешто на ќерката – вели изворот и додава:

– Викторија, инаку, одлично јава, а Аца уште одамна ѝ купил коњ. Планирал да одат директно од аеродром на ручек, а потоа да одат на јавање. Малото девојче беше навистина среќно. Кога се случи сударот, била многу исплашена, побарала вода. Најважно за Аца беше што е таа добро – заклучува изворот.

Да потсетиме, Мерцедесот на Лукас го управувал неговиот возач, а несреќата ја предизвикал маж во друго возило. Пејачот седел на совозачкото седиште, додека Викторија на задното седиште. Во нив удрил автомобил „мини-купер“, а полицијата на лице место утврдила дека 27-годишниот возач не бил под дејство на алкохол.

Подоцна се огласи и Лукас нагласувајќи дека тој и Викторија се добро.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....