4.8 C
Скопје
15:47 - 17 декември, 2025

Еве кој најмногу го поддржа Спасен Силјановски во „војната“ со Јанчев, познатиот музичар со најостра изјава

Откако фолк пејачот Спасен Силјановски ги нападна организаторите на Тиквешки гроздобер поради тоа што српски пејачи ќе бидат главни ѕвезди на настанот во Кавадарци, настана вистинска лавина од коментари на социјалните мрежи.

Да потсетиме, Спасен на Фејсбук напиша:

РОШТИЛИДАЈА – ЛЕСКОВАЦ или ГРОЗДОБЕР-КАВАДАРЦИ! Во која држава се наоѓа Кавадарци???Во која држава е градоначалник Јанчев? Во која држава зрее Грозјето?

Во која држава ќе се одлеат стотици иљади евра за музичките изведувачи од овој настан ???
……И повторно не сакам да бидам разбран дека се борам за себе. Неее, никогаш. Се борам за нашата култура и традиција.
Па замислете бе луѓе каков е тој Гроздобер без ниту една Тиквешка песна. Гроздобер без ниту еден Македонски фолк изведувач. Гроздобер без кралевите на Тиквешката музика како Анѓел Џамбазот и останати…..
Мислев дека нема подолу од дното ама еве имало…И некогаш се прашувам сам себе, па штом само јас се бунам изгледа не сум во право, можеби така треба, сите молчат па ваљда не сум јас најпаметен . Простете ако грешам.
П.с. Единствено сум среќен што знам дека оние прави Македонци од Кавадарци ќе се соберат “Кај Буки” и ќе уживаат во песната на Џамбазот и Дулот“, напиша Силјановски.
Потоа, кавадарелкиот градоначалник се огласи велејќи: „Нека повели пејачот кој го стави на исто рамниште гроздоберот со ,,роштиљада” и да каже во кој дел од програмата би се вклопил, а што е уште поважно, колку публика би донел во градот?“, речеЈанчев за Вики.мк
Спасен Силјановски сношти се огласи на Фејсбук со ново видео, во живо во кое меѓудруто рече:

„Во ниту еден момент од моето писание не се навредени ѕвездите кои ќе дојдат од Србија, напротив ги почитуавм сите, тие се едни музички работници како и јас што си го вадат лебот. Во ниту еден момент јас не сум ја навредил вашата и наша Тиквешка манифестација. Напротиов, господине Јанчев вие ја отсликавте таа слика да личи на Рошилијада“, рече фолк пејачот.

Една од оние кои му дадоа поддршка е поп пејачката Бојана Скендеровски која во коментар напиша:

„Со иронијава во неговиов повик не те потценува само тебе, туку сите нас. Џабе се трудиш да му објасниш. Нешто што треба сам да го чуствува…замисли во Хрватска некој градоначалник да се кара на пример со хрватски изведувач и да го потценува зошто си прави настан со странски или српски изведувачи?!?Ова веќе не е ни мизерно, ова е трагикомично“.

А еден од оние кои гласно го подржа Спасен е Петар Георгиевски, познат како Перо Камиказа, лидерот на групата „Меморија“.

„Мој, мој па преку мој, господине Јанчев!
Јас и овој ликот изгледа живееме во две различни држави! Да му кажам дека Меморија продаде преку 6000 влезници во арената Борис Трајковски. Значи исто, ако не и повеќе, од сите звезди од соседтството!!! Ни еден концерт на тие звезди, не беше ни сличен по техничка опременост и креативна обработка на оние кој ги плаќате со десетици иљади евра .
Нивните концерти се само гола тезга и ништо друго!!! Тука не ги мешам вкусовите и публиката, но ако кај нас имаше на десетици автобуси од цела Македонија, треба да ти кажам дека имаше и преку 500 тини нашинци кој специално со цели семејства допатуваа од разни држави од светот за да го гледаат и присуствуваат на овој спектакл.
Петар Георгиевски-Камиказа Фото/ Фејсбук
Тоа што ти си зафатен со правење лимонада и не знаеш што се случува во државата е твој проблем!!!! Значи ако платиле близу 6000 луѓе влезници, што мислиш, колку ќе дојдеа за без пари да не гледаат,а?! Но ние имавме во април сериозен проблем со здравјето на еден од членовите и ги откажавме сите настапи до август!!!
Во септември ќе имаме два или три настапи, а за другото потоа!!! Прави лимунада, терај бизнис со соседите кој со сигурност не плаќаат данок во Македонија, и згора на тоа поединци блиски до вас продолжете да се товаарате со парите од даноците на граѓаните. Инаку Меморија за својот концерт плати скоро 1. 000. 000 ддв од приходот од картите, пари што вие ќе им ги дадете на соседите!!!! Затоа полна поддршка за напишаното од колегите Спасе Сиљановски и Ламбе Алабаковски!!!“, напиша Перо Камиказа меѓудругото.
Фото/ Фејсбук

 

Слични објави

„Подготвена за Божиќ“: Бресквица покажа дека е вистинска домаќинка, еве како се снаоѓа во кујна

Еспресо

(Фото) Новогодишна бајка: Тамара Тодевска му направи магична роденденска прослава на синот!

Еспресо

Три месеци по породувањето: Александра Пријовиќ откри како ќе се справи со првото одвојување од ќеркичката Арија

Еспресо

(Видео) Голема неправда за Игор Џамбазов во еден многу тажен момент

msp-admin

Ана Николиќ го нападнала Рале со нож поради Карлеуша: Ѝ пратил порака…

Еспресо

Специјално видео од синот Благоја, сподели Адријана Алачки со посебен повод

msp-admin
Се вчитува....