7.8 C
Скопје
22:15 - 30 март, 2026

Еве кој ден ќе врне според прогнозите на Славчо Попоски

– Во следните денови, времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Исклучок ќе биде недела, кога во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка температурите и тоа особено за време на викендот ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ, и истите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени. Во Скопје и околината времето во следните денови ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Исклучок ќе биде недела попладне кога во делови од котлината ќе има услови за краткотрајна нестабилност.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 33 и 35 степени. Ув – индекост ќе има МНОГУ ВИСОКА до ЕКСТРЕМНА вредност и ќе изнесува коефициент некаде помеѓу 9 и 10 – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....