14:19 - 3 април, 2026

Естрадата се простува од братот на Дарко Лазиќ: Слоба и Јелена го посетија пејачот во Брестач

Естрадната сцена продолжува да се простува од братот на Дарко Лазиќ, Драган Лазиќ, кого многумина од музичката сцена добро го познавале бидејќи и самиот се занимавал со музика.

Во куќата на пејачот во селото Брестач синоќа пристигнаа Слоба Радановиќ и неговата сопруга Јелена Радановиќ, со цел да му дадат поддршка на пејачот и на неговото семејство во овие исклучително тешки моменти, откако неговиот брат Драган трагично загина во сообраќајна несреќа.

Меѓу присутните синоќа биле и Ана Севиќ, Надица Адемов, Саша Капор, како и Дејан Костиќ и Зорана Миќановиќ. Поддршка на семејството им изразиле и Александра Пријовиќ, Емир Хабибовиќ и Слаѓа Трајковиќ, сопруга на пејачот Радишa Трајковиќ Ѓани.

Порака со сочувство испрати и Тамара Милутиновиќ, која се огласи на социјалните мрежи. Таа сподели видео од последното гостување на Драган Лазиќ во една телевизиска емисија и напиша:
„Искрено сочувство до семејството Лазиќ. Нека ви даде Господ сила да ја издржите оваа бол која е неутешна“, напиша Милутиновиќ, додавајќи емотикон со скршено срце и бели птици.

Да потсетиме, Драган Лазиќ загина вчера, на 11 март, на патот кон Шабац, кога со мотоцикл удрил во автомобил кој свртувал кон спореден пат. Трагедијата длабоко го потресе семејството, а неговата мајка Бранка, скршена од болка, побарала да го види својот син.

Слични објави

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо
Се вчитува....