1.8 C
Скопје
11:19 - 18 декември, 2025

Ен Хеч: откриени причините за смртта на актерката

„Пипл“ ги објаснува причините за смртта на актерката, додека нејзината автобиографија се продава по ѕвездена цена во САД.

Животот на Ен Хеч, американската актерка која беше способна лежерно да се префрли од комични во драматични улоги, но никогаш немала премногу среќа во таа холивудска „машина за мелење месо“, беше прекинат поради сообраќајна несреќа во Лос Анџелес. Од тој ден животот на актерката беше врзан за машина, додека лекарите не прогласиле мозочна смрт, а роднините – според желбата на актерката – решиле да ги донираат нејзините органи. Откако се најде компатибилен човек кој може да ги прими органите, Хеч беше исклучена од машините.

Деталите за смртта на Ен Хеч, сепак, како што објави People, велат дека таа почнала  од последиците од вдишување чад и термички повреди.

Дополнително, судскиот лекар од округот Лос Анџелес пријавил фрактура на градната коска од тапа траума како уште една значајна причина за нејзината смрт. Откако нејзиниот автомобил удрил во тротоар па потоа удрил во ѕид од куќа во Лос Анџелес, Ен Хеч се здобила со смртоносни повреди кога пожарникарите влегле да го изгаснат пламенот. Уште оттогаш на сведоците им било јасно дека глумциата нема долго да издржи.

Додека полицијата потврди дека истрагата за инцидентот е завршена, во Америка веќе почна да се шири трендот за постхумен интерес за она што го постигнала Хеч во текот на животот.

Смртта на Ен Хеч, всушност, вртоглаво ја покачи цената на една нејзина автобиографија објавена во 2001 година со наслов Call me Crazy, објавена од Scribner и пуштена во продажба во тоа време за 26 долари. Па, сега кога нејзиниот автор го нема, книгата чини помеѓу 739 и 949 долари на Амазон, што ја прави вреден колекционерски предмет.

Во својата биографија, Ен Хеч зборуваше за тешкотиите со кои се соочила – од справувањето со нејзините ментални проблеми додека била во центарот за рехабилитација, до траумата од злоупотребата во детството, па се до нејзината мината врска со Елен Деџенерис. Во интервју објавено постхумно од подкастот Behind the Velvet Rope, актерката зборуваше за намерата да напише продолжение на таа автобиографија наречена Call Me Sane, која сепак, за жал, никогаш нема да ја види светлината.

Слични објави

Таа знае да ми дувне во моето жарче за да се одржи огнот во мене: Изненадување од посебна личност за Јордан Митев

msp-admin

Нада Топчагиќ во свој стил застана во одбрана на колешката: „И на Цеца и на Брена џабе им се парите, Вера изгледа најдобро!“

Еспресо

(Фото) Кафе со Анушка: Спасен Силјановски го покажа убавиот дом

msp-admin

Александра Пријовиќ плаќа 30.000 евра за градинката на својот син, секој ден доаѓа возач да го земе малиот Александар

Еспресо

(Видео) Татјана Лазаревска го покажа домот во Австралија, еве што направија со Маријана Новачевска

Еспресо

Раде Шербеџија со концерт во Филхармонија на 23 јануари

Еспресо
Се вчитува....