13:49 - 13 ноември, 2026

(Фото) Емотивна приказна на Јордан Митев: Ова го направи за својот новороден син

Емотивна приказна раскажа пејачот Јордан Митев за својот син Кристијан кој се роди на 27 септември оваа година. Митев и неговата сопруга Славица ја имаат ќерката Кристина која наполни две години.
– Почитувани пријатели и фанови. Наскоро излегува уште една моја нова песна, овојпат посветена на мојот син и на сите македонски синови коишто ќе се раѓаат во иднина.
Пред точно 20 години во овие ноемвриски денови започнав да го снимам мојот прв аудио албум кој тогаш го насловив „Македонски везови“ и тогаш ги поставив темелите на мојата професионална музичка кариера.
По 20 години исто така во ноемвриски денови, последната страна од мојата книга со наслов „Јордан Митев“ ја испишувам со песна посветена на мојот новороден син. Очекувајте наскоро, поздрав до сите каде и да сте – напиша пејачот.
Фото / Фејсбук

Славица ја роди Кристина по шест години брак со пејачот. Во меѓувреме, Јордан Митев имаше сериозни здравствени проблеми кои ги надмина. На пејачот му дијагностицираа инвазивен планоцелуларен карцином кој мораше брзо да се отстрани.

 

 

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova
Се вчитува....