03:39 - 30 јануари, 2026

Емили Ратајковски по разводот: „Не сум пријавена на апликации за запознавање, дајте ми уште малку време“

Емили Ратајковски на почетокот на годинава го остави сопругот, продуцентот Себастијан Бер-Меклард затоа што наводно ѝ бил неверен, а сега во интервју за „Harper’s Bazaar“ конечно проговори за различните емоции со кои се справува по разводот на четиригодишниот брак.

-Ги чувствувам сите емоции. Чувствувам гнев, тага. Чувствувам возбуда, чувствувам радост и леснотија. Секој ден ми е различен. Единствена добра работа е што ги чувствувам сите овие работи, тоа е убаво… Верувам дека ќе бидам добро – изјави познатата манекенка и додаде дека повторно почнала да излегува со мажи. Како што пишува „Daily Mail“, нејзино ново потенцијално момче е диџејот Орацио Риспо, со кого од неодамна стана многу блиска.

На прашањето дали некогаш се забавувала со холивудскиот актер Бред Пит, поради гласините што се појавија есенва, Емили одговори со нејасен израз на лицето, но не ги ни демантираше озборувањата.

-Бев на неколку состаноци, но не се пријавив на апликации за запознавање, дајте ми уште малку време за тоа – рече занесната бринета, чиј инстаграм-профил со име „emrata“ го следат повеќе од 29 милиони корисници.

Манекенката подоцна во едно интервју откри дека нејзиниот став кон врските е доста променет од времето кога била на почетокот на кариерата.

-Искрено, влегував во врски затоа што сакав да имам момче кое ќе ме заштити од некои опасни мажи кои ги среќавав во светот на модата. Да искористам фраза од ТикТок, бев по малку „избери ме“ девојка, не бев многу добра во одлучувањето што и кој ми се допаѓа. Навистина сакав да бидам избрана. Тешко ми беше да излезам со некого и да размислам колку ми се допаѓа или не ми се допаѓа таа личност. Размислував само за тоа како тие момчиња ме доживуваат, што значи сето тоа, што сакаат од мене, што кажува тоа за мојата самопочит. За среќа, веќе не е така – изјави Ратајковски.

Во моментов главна преокупација ѝ е нејзиниот едногодишен син Силвестер, од бракот со Себастијан.

-Никогаш во животот не сум имал толку јасни приоритети. Слај е број еден и тоа е тоа. Мајчинството ме натера да се преиспитам што ми е важно и што сакам да го научам мојот син – изјави Емили.

Минатата година таа објави книга есеи со наслов „Моето тело“, а во интервјуто за „Harper’s Bazaar“ објасни зошто толку се разголува во јавност.

-Тоа ми ги продава книгите. Не се обидувам да се ослободам од одговорност. Но, исто така, мислам дека немаше да продадам толку многу книги ако не го направев тоа. Така функционира светот. Мислам, сите ние учествуваме во системи со кои не се согласуваме – заклучи таа.

Слични објави

Пејачката откри дали се слушнала со Јована Јеремиќ по скандалот во емисијата: „Таа многу ме повреди“

E.A.

Харис Џиновиќ се огласи по веста дека Мелина е свршена со богат Британец: Еве што рече…

Еспресо

(Фото) Која е ќерката на Драган Бјелогрлиќ? Во врска е со српски заводник кој го поврзуваа со 18 години постара Хрватка

Еспресо

Душица Јаковљевиќ призна: „Им реков на децата: ‘Што мислите, да станам лезбијка?’“

E.A.

(Фото) Сергеј Трифуновиќ ја покажа сопругата без шминка: Фановите воодушевени од нејзиниот природен изглед!

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Европските клинички стандарди во пракса

Еспресо
Се вчитува....