9.8 C
Скопје
09:31 - 8 март, 2026

Екстремно топол бран, над 42 степени! Славчо Попоски предупредува на голема суша

– Продолжува долгиот период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Од денес, па во следниот период поради влијанието на ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ бран од Африка температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени, додека во централните и во југоисточните предели температурите се очекува да се искачат дури и над 42 степени. Само во недела попладне ќе има услови за ретка појава на краткотрајна нестабилност. Во Скопје и околината времето во следниот период ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец.Само во недела попладне ќе има услови за сосема ретка појава на нестабилност. Температурите ќе бидат ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ и ќе се искачат дури до 40 степени. Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ температури, но и големата суша која ќе ја зафати Македонија во следниот период, препорачуваме да внимавате како се однесувате со природата и да се избегнува движење по шуми, со цел да не дојде до евентуална појава на шумски пожари, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Дневен хороскоп за 8 март: Внимавајте при донесување на важни одлуки

apostolova

(Фото) Тигар и Јована Јеремиќ се свршија: Водителката го покажа дијамантскиот прстен

Еспресо

Oткриено е колкава пензија зема легендарната Сузана Манчиќ

E.A.

Што да НЕ подарите за 8 Март?

Еспресо

„Конечно тргнуваме дома“: Марко и Луна најдоа начин да се вратат од Малдивите!

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо
Се вчитува....