0.8 C
Скопје
17:39 - 22 декември, 2024

Експертите предупредуваат: Омикрон ќе зема замав и во текот на летото, има нови симптоми, а од септември нов аларм за Омикрон БА. 4 и БА.5

Новите варијатни на Омикрон забрзано се шират низ цела Европа и сигурно нема да ја заобиколат ни Македонија. Станува збор за Омикрон БА 4 и Омирктон БА 5, кој се тука за да не потсетат дека крајот на коронапандемијата не е близу. И дека, еве го, септември кога повторно ќе се вратиме во затворени простои.

„Внимавајте на Омикрон 4 и 5. Новите варијанти водат до пораст на случаите во  Европа“, предупредија од ЕМА (Европската агенција за лекови) доаѓа во клима на оптимизам („ситуацијата со заразата е стабилна“) и внимание („сè уште има милиони инфекции во светот, пандемијата не е завршена“).

„И две нови варијанти, исто така, го ставаат на ризик летото “, објасни Фабрицио Преглиаско, вирусолог на Државниот универзитет во Милано и медицински директор на болницата Галеаци во Милано. Варијантите Omicron BA.4 и BA .5, исто така се наречени едноставно Omicron 4 и Omicron 5. Поради оваа причина, ги советува изнемоштените и имунокомпромитирани луѓе, и оние кои се грижат за нив, да ја задржат употребата на маската која повеќе не е предвидена освен на транспортните средства и во здравствени установи.

Модерна и Фајзер-Бионтех веќе работат на ажурираните вакцини против Омикрон варијанта кои финалните резулати ќе ги добијат до септември. Вакцините веќе се спроведуваат на испитувања на волонтери. Доколку новите вакцини успеат да стимулираат повеќе неутрализирачки антитела од сегашните, тие би можеле да бидат одобрени навреме за есенската кампања. Веќе се готови две нови француски вакцини, Санофи и Валнева. А и конечно, децата од шест месеци до 5 години ќе можат да примат вакцина против Ковид благодарение на новата вакцина адаптирана за деца од Модерна.

Кои се симптомите?

Според многу експерти, вклучувајќи го и самиот Преглиаско, симптомите на оваа многу заразна варијанта се чини дека се поблаги, имајќи предвид дека вирусот има тенденција да се реплицира во горните дишни патишта. Затоа тие се многу слични на оние на настинка со течење на носот и неколкудневна треска.

Минатиот мај Santé Publique France објави извештај во кој ги спореди симптомите забележани во првите случаи на Omicron, варијантата BA.1 што се рашири на крајот од 2021 и 2022 година, во Франција со новите случаи на BA.4 и BA. 5 кои моментално во оптек. Се испостави дека изгледаат речиси исто, но забележани се повеќе проблеми со замор, кашлица, треска и болки во грлото. Значи реално, спротивно на она што се тврди, не е баш лесна варијанта.

Просечното времетраење на симптомите е околу четири дена. Сето ова, се разбира, кај луѓе вакцинирани и затоа заштитени од тешки форми на болеста: за оние без заштита, секоја еволуција станува поверојатна.

Слични објави

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....