2.8 C
Скопје
16:58 - 22 декември, 2024

Екс-сопругата на Р.Кели: „Се плашам за децата, не можете да избегате од вашата крв“

Андреа се омажила за Р. Кели на 22-годишна возраст, во 1996 година, а двајцата имаат три деца: Џоан, Јаа и Роберт Џуниор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Drea Kelly (@officialdreakelly)

Поранешната сопруга на кантавторот Р.Кели, Андреа Кели (47), професионално позната како Дреа, американска кореографка, танчерка и актерка, овојпат по одлуката на Судот за 30-годишната казна затвор на нејзиниот екс сопруг, е тивка, новинарите очекуваат да се огласи, како што тоа го направи неодамна. А, кога Дреа зборува за Кели, тоа е секогаш со полна уста обвинувања, но сепак, заштитнички кон своите деца чиј татко е толку денес осудениот музичар.

Лани, на крајот на септември, Дреа Кели се појави во „Добро утро Британија“, каде што разговараше за пресудата за вина на Р. Кели која беше донесена претходната вечер. И покрај сочувството кон жените-жртви на предаторот, поранешната сопруга на пејачот призна дека ѝ е жал и за своите деца.

„Чувствувам дека срцето ми е поделено на два дела “, изјави лани Дреа. „Моето срце дефинитивно припаѓа на оние кои го преживеле насилството и храброста што е потребна за да се исчекори напред и да се раскаже приказната, но моето срце се кине како мајка затоа што сега ова е наследството со кое ќе мора да се соочат моите деца и децата на нивните деца“. Таа рече дека се плаши за нејзините деца додавајќи „на крајот на денот, не можете да избегате од вашата крвна линија“.

„Неговата крв тече во вените на моите деца и е дел од нивната ДНК и тие не можат да побегнат од тоа дури и да сакаа“, продолжи таа. „Значи, многу ми е тешко да седам во оваа позиција“.

Таа исто така објасни дека нема да се меша во односите меѓу нивните деца и Кели доколку одлучат да го поддржат. „Не е важно дали твоите родители имаат проблем со зависност од дрога: ќе продолжиш да ги сакаш затоа што тие се дел од твојата ДНК, ја делиш својата крв со нив“, вели Дреа.

Брак полн со тепање

Во минатото, Дреа го обвинуваше Кели дека тој често ја тепал додека биле во брак. Кога се разведоа, таа почна да го обвинува дека не давал ни цент за децата, за алиментација.

Во 2018 година, Дреа објасни каков бил нивниот брак. „Луѓето немаа поим дека станува збор за два различни мажи во еденчовек“, изјави Андреа за ABC News. „Има една личност: Роберт, но тука е и личноста: Р. Кели“.

Таа објасни дека Кели кон неа бил физички и емоционално насилен.

„Еве ме, неговиот главен танчер, кореограф, на сцената веднаш до него, а луѓето немаат поим дека овој човек предмалку ме претепа во автобусот“, рече таа. „Луѓето немаат поим какви модринки кријам“.

И покрај тоа што лично го тврдеше злоставувањето на Кели, Дреа веднаш не поверува во наводите за сексуална злоупотреба кои беа покренати против него.

„Во себе си мислам: „Невозможно е“, рече Андреа. Дреа тогаш рече и  последен пат разговарала со својот поранешен сопруг „одамна, не можам ни да се сетам“.

Не плаќал алиментација

Во 2019 година, кореографката откри дека Кели престанал да плаќа издршка за децата.

„Тој престана да плаќа издршка од моментот кога ја раскажав мојата приказна за односот со него, и сè уште ме злоупотребува финансиски“, изјави Дреа за Пипл.  „Значи, тоа е како: „О, во ред, сакаш ли да ја раскажеш својата приказна? Добро. Ја укинувам издршката.“

 

Слични објави

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....