19.8 C
Скопје
14:04 - 22 септември, 2026

Душица Јаковљевиќ потврди дека Мина и Каспер влегуваат во „Задруга 9 Елита“: Откри детали за нивната врска зад камерите

Водителката Душица Јаковљевиќ потврди дека пејачката Мина Костиќ и нејзиниот избраник, Манe Ќурувија Каспер, ќе бидат дел од „Задруга 9 Елита“.

Гостувајќи во емисијата кај Сања Маринковиќ, Душица не ја криеше својата возбуда и пред сите откри дека Мина и Каспер ќе влезат во најновата сезона на популарното реалити шоу.

Иако во јавноста веќе се шпекулираше дека парот би можел да стане дел од шоуто, сега Душица официјално ги потврди овие информации. Таа ги сподели своите впечатоци за нивниот однос, базирани на она што го забележала кога камерите биле исклучени:

„Морам да ви кажам, драги гледачи, она што јас го видов зад камерите – како Каспер ја гледа Мина – е уште поубаво отколку што сте виделе вие. Многу ми е драго што во следните недели тоа истото ќе го покажуваат во „Елита 9“!“ – изјави Душица Јаковљевиќ.

Мина Костиќ не го крие своето задоволство што го пронашла човекот на својот живот, Манe Ќурувија Каспер.

Нивната љубовна приказна е необична – по осум месеци врска преку телефон, конечно се запознаа, а сега се и верени. Според најавите, свадбата е планирана да се случи по нивното учество во реалити шоуто.

Инаку, неодамна Каспер сам спомена дека ќе учествува во реалити, но досега не беше познато дека ќе влезе во „Задруга 9 Елита“.

Слични објави

Алка Вуица ужива во улогата на баба: „Ни донесе среќа во нашето уметничко семејство“

Еспресо

Сергеј Варошлија отворено за нарушените односи со Лила Филиповска: „Не сакам да имам негативен електрицитет кон никого“

Еспресо

Ќерките на Јелена Карлеуша плачеле поради преселбата на Атина: „Многу се плашам, првите недели ќе бидам со неа во Милано“

Еспресо

(Фото) Анета Љумакоска му посвети емотивни зборови на сопругот: „Мојата љубов и мојата најголема сигурност“

Еспресо

По летото во Македонија, Маријана Новачевска ужива во најслатката прегратка на внуката Ева

Еспресо

Седум симптоми кои може да укажуваат дека нешто сериозно се случува со бубрезите – еден знак може да го забележите веднаш наутро

Т.Ц.
Се вчитува....