Популарната ТВ-воднителка Душица Јаковљевиќ гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“, каде што отворено прозборе за непријатна ситуација што ѝ се случила за време на водење програма во живо, за својата претстојна книга и за односот со колегите.
Душица откри дека зад камерите неодамна преживеала вистинска здравствена драма поради ненадејна алергиска реакција на прашина и пад на имунитетот:
„Ми отече долниот дел под јазикот, не можев да зборувам. Оди емисија во живо, а јас барам само да не ме снимаат во крупен кадар. Сè ме болеше, ми навираа солзи од болка и паника, а долу гледам коментари: ‘Оваа пак се напила, не може да зборува’. Сепак, ги стиснав забите и ги истуркав последните десет минути машки за да ја одјавам емисијата како што треба“, раскажа водителката.
Покрај ова искуство, Душица откри дека е при крај со пишувањето на својата автобиографска книга насловена „Modrice sa šljokicama“, инспирирана од нејзините лични совладани стравови, животни успеси и порази.
На самиот крај од емисијата, ставена пред избор меѓу колегите Дарко Танасијевиќ и Милан Милошевиќ за тоа со кого би заминала на десетдневен одмор, таа со насмевка порача дека за вистински одмор би отишла сама, но сепак го избра Милан со цел уште подобро да се запознаат.
