16:54 - 9 август, 2026

Душава и срцево урлаат: Ќерката на Гоце Тодоровски со емотивна објава за татко ѝ

Емотивни зборови за својот татко Гоце Тодоровски, објави неговата ќерка Сашенка.

-Гордост моја, М’ал Пачино,а толку голем. Да си ми само здрав татко мој, одиме понатака да корачиме заедно како и досега. Душава и срцево мое урлаат од среќа, признат достоинствено за половина век, посветен на македонскиот народ!!! Секоја чест. Заслужено“, напиша Сашенка Тодоровска- Спасовска.

Ќерката на славниот актер со кој израснаа многу геренарации го посвети овој статус на наградата која наскоро треба да ја добие Тодоровски.

Тоа е државната награда „23 Октомври“. којаа годинава освен него ќе ја добијат и писателите  Александар Кујунџиски, Братислав Ташковски и писателот академик Божин Павловски.

Сашенка е инаку многу горда на својот татко, а среќно мажена за Боби Спасовски, со кој често објавува слики ја својот Фејсбук профил. Во јули годинава, ќерката на нашата актерска легенда, со потресна порака го искажа разочарувањето од третманот на нејзиниот татко.

Сашенка го изрази својот револт поради тоа што, иако нејзиниот татко има нарушено здравје и зад себе оставил огромно актерско наследство, покрај бројните признанија и награди, не бил удостоен со национална пензија.

-Национална пензија не ти дадоа, само признанија, наградички за животни дела, колекционер на хартија стана, зарем не е срамота? Народот е во заблуда, Гоце Тодоровски живее од пензија 36 илјади денари“, напиша тогаш Сашенка.

Слични објави

(Фото) „Детето во мене конечно се смири и легна да одмори“: Ивона Јо го прослави 30. роденден во розов фустан и торта со срциња

Еспресо

Внукот на Алка Вуица доби две необични имиња кои кријат посебно значење

Еспресо

(Видео) Новак Ѓоковиќ се развесели во Херцег Нови – со Владо Георгиев ја запеа „Тропски бар“

Еспресо

Сашенка Тодоровска сподели детали за „Солунски патрдии“, претставата за Цанде и Фатима чии реплики се знаат наизуст до ден денес

Еспресо

(Фото) Заљубени и среќни – Сара Јо и Алексеј Бјелогрлиќ уживаат заедно на егзотична дестинација

Еспресо

По долго време, Јована Јеремиќ прозборе за поранешниот партнер Драган

Е.А.
Се вчитува....