-1.2 C
Скопје
06:59 - 11 март, 2026

Драматична исповед на Шерон Стоун: „Ми го стави пенисот пред лице, станав хистерична“

Во подкастот „Let’s Talk Off Camera“ актерката Шерон Стоун (65) откри дека на почетокот на својата кариера била жртва на сексуална злоупотреба. Таа рече дека тогашниот шеф на Сони и го ставил пенисот пред нејзиното лице кога таа дошла во неговата канцеларија на состанок.

Актерката раскажа како, млада и неискусна, била поканета во канцеларија на средба со шефот на Сони. Возбудена од средбата со шефот на позната продукциска куќа, таа не очекувала дека ќе и се случи такво нешто.

– Отидов во неговата канцеларија, а тоа беше во осумдесеттите, па каучот беше на подот, се сеќавате на тоа? Тоа беа тие многу ниски џиновски каучи и колената ми беа околу вратот бидејќи сум многу висока – се присети Шерон.

Се случила ситуација која ја шокирала.

– Се шеташе низ канцеларијата и ми даваше комплименти. Но, потоа рече: „Пред да почнеме…“ и го извади пенисот од панталоните директно пред моето лице. Бев млада и нервозна, а мојата реакција на стресот тогаш беше смеа. Почнав хистерично да се смеам и да плачам во исто време, не можев да престанам – објаснува глумицата.

Таа додала дека поради нејзината реакција шефот се облекол и ја напуштил собата, а неговата секретарка ја извела од канцеларијата.

– Ова не беше единственото чудно искуство во мојата кариера – заклучила Шерон, која своевремено во едно интервју раскажа како доживеала секакви работи во нејзината 40-годишна кариера.

 

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....