4.8 C
Скопје
22:01 - 11 март, 2026

„Домаќинство за почетници” во режија на Горан Столевски награден во Венеција – „филм кој храбро ги прикажува различностите и љубовта“

Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски ја доби 17. Queer Lion награда во рамките на 80. издание на филмскиот фестивал во Венеција.

Филмот во продукција на Лист Продукција – Скопје е награден во конкуренција од 16 филмови, меѓу кои и филмовите на Dog Man на Лук Бесон и Maestro на Бредли Купер.

Во објаснувањето за наградата стои дека „Queer Lion со гордост го наградува филмот “Домаќинство за почетници” во режија на Горан Столевски, за невообичаеното и храбро прикажување на етникумите, различностите, родовиот идентитет, љубовта, пријателството и емотивните афинитети.”

„Квир семејствата не се иднината; тие се сегашноста!“, изјави режисерот Столевски за тополиот прием од публиката во Венеција по проекцијата на неговиот филм.

„Домаќинство за почетници“ пред два дена ја имаше светската премиера во Венеција, во рамките на натпреварувачката програма „Orizzonti“, а публиката во преполната сала „Дарсена“ со голем аплауз и долги стоечки овации ги награди режисерот Столевски и актерската екипа во филмот.

17-тото издание Queer Lion Award, која е една од неколкуте дополнителни награди кои се доделуваат во склоп на филмскиот фестивал во Венеција од страна на здруженија на филмски критичари, клубови и културни здруженија и кино професионалци, ќе се одржи денеска во 19 часот. Наградата е иницирана во 2007 од страна на Даниел Н. Казагранде, новинар и филмски критичар, а со поддршка на Марко Милер, тогашниот директор на филмскиот фестивал во Венеција.

Дополнително, филмот „Домаќинство за почетници“ доби и специјално признание од италијанската фондација “Fondazione Fai Persona Lavoro Ambiente” за социјално ангажиран филм.

Во објаснувањето за ова признание стои:

„Филмот е навистина извонреден бидејќи го истражува влијанието на различните слоеви на идентитет, како што се полот, етничката припадност, сексуалната ориентација и религијата преку интерсекциска призма“.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....