-1.2 C
Скопје
04:27 - 19 декември, 2024

Доктор на науки тврди дека знае што точно се случува со душата по смртта: „Нема смрт, туку само премин“

Д-р Мајкл Њутн има докторат по психологија за советување, има сертификат мајстор за хипнотерапија и е член на Американската асоцијација на советници. Д-р Њутн ја развил својата техника на хипнотичка регресија за ефикасно да ги води своите испитаници од другата страна на сеќавањата на минатиот живот кон значајното искуство на душевниот живот помеѓу животите.

Тој се смета за пионер во откривањето на тајните на нашиот живот во духовниот свет, за што пишуваше за првпат во неговиот бестселер „Патување на душите“, кој е преведен на десет јазици.

Д-р Њутн е познат во целиот свет како духовен регресионист и се појавува на бројни радио и телевизиски емисии. Во 1998 година, Националното здружение на трансперсонални хипнотерапевти му додели годишна награда за неговиот придонес во „премостувањето“ на умот, телото и духот. Наградата ја доби за годините поминати во клиничко истражување на сеќавањата на душата и откривањето на космологијата на животот после животот. Во 2001 година ја доби годишната награда на независни издавачи за книгата Судбина на душата.

Што се случува со нас кога ќе умреме? Каде оди нашата душа? Ако сте воспитани религиозно, тогаш верувате дека има само две места на кои можете да одите: рај и пекол, во зависност од тоа дали го живеете животот врз основа на религиозни норми.

Во малку контроверзната верзија во однос на сфаќањата за живот по смртта, Мајкл Њутн наведува дека не постои само светол и темен епилог.

Њутн кој е специјализиран за хипнотерапија тврди дека може да ги врати луѓето толку наназад што можат да станат способни да се сетат на нешта кои не се случиле во овој живот, туку меѓу животите. Тој своите случаи ги опишува во книгата „Патувањето и судбината на душата“. Интересно е дека сите негови субјекти навеле исти работи.

Животот поминува пред очи

Мајкл Њутн истакнува дека чест феномен кај луѓето кои умираат е „премотување на животот“ односно гледаат како целиот живот им поминува пред очи. Мозокот забрзано ги „прелистува“ сите спомени пред душата сосема да се одвои од телото.

Можат да го видат своето тело

Испитаниците го виделе своето тело кога свеста се одвојува од физичкото.

Светло

Луѓето секогаш наведуваат дека гледаат светло кога умираат. Светлото се појавува во далечина и полека се повлекува кон себе. Њутн вели дека светлото за многумина претставува чувство на љубов и мир и дека тоа според него е фаза на преминување на патот кон спиритуалниот свет. Според Њутн, се појавуваат анѓели – чувари, па дури и своевиден водич „ во новиот живот без болка и страдања“ и дека душата не сака да се врати назад на земјата, а понекогаш тоа мора да го направи. Во прашање е езотерично толкување на световниот живот и задгробниот живот и повторно враќање во световниот живот со акцент дека од смртта не треба да се плашиме, затоа што „нема смрт, туку само премин“ и дека реинкарнацијата не е задолжителна, а дека враќањето во овој живот може да биде поради карма или за да се помогне на одредени луѓе.

Митарства

Во христијанското толкување после смртта 40 дена душата патува и мора да ги помине „митарствата“, односно границата на која се мери тежината на нејзиниот грев. Ова верување е карактеристично за православната црква и верниците. Ако покојникот ја помине секоја граница, ветен му е вечен живот во царството небесно.

Научно толкување

ДНК го „декодираа“ Вотсон и Крик во 1953 година. Тие заклучија дека ДНК молекулот е составен од два ланци кои се спирално свиткани еден околу другиот. За ова откритие се наградени со Нобелова награда.

Рускиот научник Петар Петровиќ Гарјајев, доктор по биологија, академик на Медицинско-техничката академија на науките на Русија, откри во 1993 година нешто многу интересно. Дали е случајно народното верување дека духот на покојникот се задржува 40 дена по смртта или дека Тибетанците му ја читаат „Тибетската книга на мртвите“ на покојникот со упатства како да се однесува во задгробниот живот! Денес е познат како „ДНК фантомски ефект“ кој останува мистерија. Спектрометарот, за кој научниците мислеле дека не функционира, регистрирал „фантоми“ точно 40 дена.

-Излегува дека нашата молекула на ДНК е антена, бидејќи содржи метални атоми кои служат како еден вид приемник насочен кон космосот, од каде што добива некои контролни космички информации – тврди академик Гарјаев.

– Има едноставен експеримент со икра од жаба кога се става во комора од 80 проценти никел и железо, каде што ги има сите услови за нормален развој на клетките со еден исклучок – нема надворешна електромагнетна средина. Во таа ненормална електромагнетна средина, ембрионите се претвораат во чудовишта и ниту еден од нив не стигнува до фазата на жаба.

Рускиот академик верува дека ДНК генерира радио бранови и ласерски зраци кои градат информациски холограми. На овој начин, клетките на ембрионот, примајќи ги бранови информации, создаваат еден вид скица што покажува каде и како треба да растат нозете, очите, носот и друго.

ДНК е долг 500 милијарди километри. Тоа е како два соларни системи… Во него се напишани сите информации за нас, од влакна на веѓите до емоции, од боја на очите до болести.

Во 1997 година австриските научници преу експерименти докажаа дека фотонот може да се телепортира, односно моментно да се пренесе од едно место на друго, со сочувување на информации.

“Тие многу јасно покажаа дека фотонот може да се телепортира, а нашата ДНК, нашите хромозоми, работат на принципот на фотони. Тоа значи дека нашите клетки комуницираат една со друга со бесконечна брзина. Накратко, концептот на време таму исчезнува“, тврди рускиот академик Гарјајев.

Зошто некои луѓе умираат во сон? Лекарите даваат детално објаснување што се случува и зошто

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо
Се вчитува....