6.8 C
Скопје
11:06 - 4 февруари, 2026

Доктор е во Швајцарија, пее низ светот, ама го бива и за ова: Зоран Ванев во невидено издание

Зоран Ванев во досега невидено издание се појави на социјалните мрежи, па пејачот освен што е доктор и пее насекаде низ светот, покажа дека и за друго го бива.

Имено, Ванев гостувал во емисијата „Гответе со Дракче“ кај Драгица Стевковска-Дракче, а таа до сликите со него објави:

-Денес нашиот шармантен и вечно млад Зоран Ванев во ,,Гответе со Дракче“, Докторот за храна ќе ни направи ,енергетска салата. Уживајте во бисерното грло и убавите муабети. Денес во 15.30 ч на Канал 5 тв..Ве сакамее“.

Фото / Фејсбук

Ванев е име кое публиката низ целиот Балкан добро го памети. Македонскиот пејач на почетокот на 2000-тите успеа да ја освои регионалната сцена, а особено голем успех постигна во Србија, каде што неговиот хит „Јужна пруга“ стана вистинска химна и се слуша и денес.

Ванев направи луксузна куќа во својот роден Штип, откако долги години има добар бизнис во Швајцарија. Тој веќе неколку години наназад е еден од најбараните доктори за природна медицина. Неговата клиника во Цирих станала место коешто го посетуваат луѓе од целиот свет.

Зоран Ванев дипломирал на Парацелсус Академијата за Алтернативна медицина во Цирих, и е првиот Македонец во Швајцарија кој ја има титулата доктор за природна медицина.

Минатиот месец, тој се врати во родниот Штип заради настап на фестивалот „Макфест“, каде што беше одлично пречекан од штипската публика со песната „Душо моја“.

Слични објави

Брзо ја преболе: Бившиот на бремената Едита Арадиновиќ веќе си најде нова девојкa

Еспресо

(Фото) Извајани мускули и исончано тело: Саша Ковачевиќ се пофали со фотографии од одморот во Тајланд

Еспресо

Карлеуша ја откри вистината за татко ѝ Драган: Никој не го знаеше ова со години, сега ја избегнува јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 4 февруари: Бидете фокусирани и упорни

apostolova

Кој е мистериозниот татко на детето на Милица Тодоровиќ? Се породи денеска, 9 месеци не кажа ниту збор за својот партнер

Еспресо

„Знаат која сум и со што се занимавам“: Станија Добројевиќ реагираше на шокантните тврдења на Кристијан Голубовиќ

Е.А.
Се вчитува....