12.8 C
Скопје
18:52 - 3 април, 2026

Дикаприо донираше 10 милиони долари за поддршка на Украинците: Многу сум поврзан со таа земја

Голем број познати актери и режисери изразија солидарност со украинскиот народ, а некои дури и директно учествуваат во собирање пари за конкретна помош на населението

Леонардо Дикаприо донираше 10 милиони долари за поддршка на Украина, земјата за која лично е длабоко врзан бидејќи неговата баба по мајка, Хелене Инденбиркен, е родена во Одеса како Јелена Степановна Смирнова. Во 1917 година со родителите емигрирала во Германија, каде што е родена мајката на Дикаприо која, како што тој често истакнува во неговите интервјуа, во голема мера влијаела врз неговиот развој.

Но тој бил многу приврзан и со баба му, жената што му давала поддршка од самиот почеток на неговата кариера. Хелене Инденбиркен, која почина во 2008 година на 93-годишна возраст, речиси до крајот на животот се појавуваше со нејзиниот внук и ќерката на премиерите на неговите филмови.

Актерот не планирал да ја открие информацијата за донацијата за Украина во вредност од 10 милиони долари, но тоа го сторила меѓународната фондација на Вишеград, проект на групацијата Вишеград чија цел е финансиски да поддржува меѓународни иницијативи.

Дикаприо веќе одамна е вклучен во иницијативата за борба против климатските катастрофи. Во 1998 година заедно со неговото семејство тој ја основа фондацијата Леонардо Дикаприо која го поттикнува одржливиот развој во дел од светот.

Слични објави

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Раскинаа ли Јована Јеремиќ и Тигар? Водителката се огласи додека тој ужива во Грција: „Избери маж кој не бега кога е тешко, туку останува“

Еспресо

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо
Се вчитува....