15:42 - 3 април, 2026

Џорџ Клуни конечно откри како ја запознал Амал: „По првата средба не спиевме цела ноќ“

Иако Клуни беше, а според некои сѐ уште е најсекси маж во Холивуд, тој не можеше да ѝ одолее на убавината на либанско-британската адвокатка Амал.

Тие се запознаа во неговата вила во романтичната Италија и неразделни се од 2013 година.

Главен „виновник“ за запознавањето е агентот на Клуни, Брајан Лорд, кој на денот на средбата му соопштил дека наскоро со него на езерото Комо ќе пристигне и девојката со која актерот ќе се ожени. Иако се насмеал на тоа, кога Лорд се појавил со занесната Амал, Клуни останал без зборови.

„Разговаравме цела ноќ и почнав да ѝ пишувам купишта писма“, рече Клуни, откривајќи дека користел некои техники од „старата школа“ за да ја придобие девојката.

Изгледа техниката „молив на хартија“ успеала затоа што еден од најубавите холивудски парови се венчаше за помалку од една година по првата средба.

Актерот откри дека и сега не недостига романтика во нивниот дом – тие сѐ уште си пишуваат писма и си ги оставаат на перниците.

Слични објави

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо
Се вчитува....