18.8 C
Скопје
15:39 - 15 март, 2026

Џорџ Клуни и Џулија Робертс конечно одговорија на фамозното прашање зошто никогаш не станаа пар?

Џорџ Клуни и Џулија Робертс споделија нови детали за нивното пријателство, вклучително и зошто никогаш не станале пар.

Холивудските легенди се појавија во интервју за Access Hollywood по повод прикажувањето на нивниот филм „Ticket to Paradise“. За време на нивниот разговор, водителката Кит Хувер ги бомбардираше гостите со брзи прашања за нивното долгогодишно пријателство.

На прашањето за заедничките први впечатоци, 61-годишниот Клуни рече дека Џулија Робертс „го насмеала“, а глумицата го нарече „нежен“.

Ѕвездите потоа беа прашани за квалитетот на кои најмногу се восхитуваат еден на друг. Клуни ја пофали „љубезноста“ на својата колешка, а Робертс рече дека таа го почитува неговиот „цврст дух“.

Потоа Хувер им постави прашање кое многу од нивните обожаватели го поставуваат со години: „Дали некогаш сте си забраниле да излегувате заедно или да бидете во врска?“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julia Roberts New (@juliarobertsnew)

-Дали си забраниме да излегуваме заедно? Мислам дека нема потреба да го објаснуваме тоа – брзо одговори 54-годишната Робертс.

Клуни потоа објаснил зошто никогаш не ги подигнале работите на „друго ниво“.

– Џулија секогаш беше во врска, или јас бев во врска. И веднаш станавме пријатели. Значи, немаше ништо меѓу нас – објасни тој.

Клуни и Робертс заедно глумеа во неколку филмови. Во најновата соработка тие глумат разведен пар кој прави „примирје“ за да ја спречат нивната ќерка да се омажи за маж кој штотуку го запознала.

Слични објави

Овие 5 хороскопски знаци имаат највисока емоционална интелигенција

Еспресо

Почина таткото на Спасен Силјановски, пејачот скршен од болка

Еспресо

Куќа на планина и два стана во Белград: Недвижностите на Гога Секулиќ вредат над 600.000 евра!

Еспресо

Драма на концертот на Јаков Јозиновиќ во Нови Сад: На едно девојче ѝ се слошило, обезбедувањето веднаш реагирало

Еспресо

Хороскоп за 15 март: Девиците треба трпеливо да ја чекаат својата шанса со саканиот

Еспресо

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.
Се вчитува....