4.8 C
Скопје
23:41 - 12 март, 2026

Џорџ Клуни го именуваше режисерот со кој веќе никогаш нема да работи: „Ми го направи животот пекол“

Времето не ги залечи раните меѓу Џорџ Клуни и Дејвид О. Расел. 63-годишниот оскаровец на 13 август во заедничко интервју со Бред Пит за магазинот GQ се потсети на искуството од соработката со познатиот режисер.

25 години откако Клуни и Расел се судрија на сетот на филмот „Три кралеви“ во 1999 година, актерот за прв пат проговори за нивната соработка. Во филмот, заснован на приказната на Џон Ридли, тој ја играше главната улога на Арчи Гејтс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Academy (@theacademy)

Ѕвездата на „Дванаесетте на Оушн“ рече дека сега е поселективен во однос на луѓето со кои работи. Актерот не е подготвен да се жртвува за да „добие добар производ“. Во интервјуто, Клуни рече дека откако бил сведок како Расел ги навредува членовите на екипажот, ги понижувал пред другите, напишал писмо до режисерот, молејќи го да се смири заради проектот.

„Снимав навистина добар филм, како Три кралеви… Но, Дејвид О. Расел ми го направи животот пекол. Го направи животот на сите пекол“, изјави Џорџ. Работењето на филмот го нарече „навистина најлошото искуство“ во неговиот живот, а Расел го навредувал Клуни на секој можен начин на сетот и еднаш се обидел да започне тепачка. Ѕвездата на „Гравитација“ истакна дека, иако го цени режисерскиот талент на Дејвид О. Расел, тој не сака никогаш повеќе да работи со него.

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....