5.8 C
Скопје
07:07 - 1 април, 2026

Џони Штулиќ повторно објавува музика: Легендата на „Азра“ се врати по долг молк

По подолг период на целосна медиумска тишина, Бранимир Џони Штулиќ, еден од најзначајните автори и рок-музичари на просторот на поранешна Југославија, повторно се огласи со нова музика, која ја објавува на својот Јутјуб-канал.

Штулиќ, основач и фронтмен на култниот бенд „Азра“, со децении важи за симбол на автентично рок-изразување, бунтовништво и слободна мисла. Неговите песни, исполнети со силна поетика и општествен ангажман, и денес се сметаат за темел на југословенската рок-култура.

Роден на 11 април 1953 година во Скопје, Џони уште од младост покажувал силен интерес за музика и поезија. Во 1977 година ја формира „Азра“, која за кратко време стана еден од највлијателните бендови на новиот бран во осумдесеттите години. Албумите на групата и денес се слушаат како класици, а нивното влијание е присутно и кај новите генерации музичари.

По распадот на „Азра“, Штулиќ се повлече од јавниот живот и се пресели во Холандија, каде што живее со години. Иако ретко се појавува во медиумите, тој продолжи да твори, но надвор од комерцијалната музичка сцена.

Неговото најново појавување на дигиталната сцена, особено со нова верзија на песната „Без мене“, предизвика силни реакции кај публиката низ регионот. За многумина, ова враќање претставува потсетник на моќта на неговиот израз и на влијанието што и натаму го има врз рок-музиката.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....