16:14 - 1 февруари, 2026

Џони Деп и Ријана, еве за каква соработка станува збор, а едвај ја чекаме!

Наскоро пристигнува соработка која не ја очекувавме, но многу не заинтригира. Онаа меѓу Џони Деп и … Ријана.

Не, барем засега двајцата нема да глумат еден до друг, ниту пак снимиле песна заедно – од стилот таа да пее, а тој да свири на гитара. Наместо тоа, нивната соработка ќе се однесува на модниот свет.

Џони Деп ќе се појави изненадувачки на следната модна ревија на линијата на долна облека Savage X Fenty на Ријана, која неодамна исто така се врати на музичката сцена со синглот „Lift Me Up“. Оваа вест  ја откри секогаш добро информираниот трач сајт ТМЗ, а ја потврди и забавниот сајт IndieWire.

Според TMZ, РиРи и нејзиниот тим го контактирале Џони за да му понудат учество во нејзината позната годишна ревија Savage X Fenty Show Vol. 4, и двете страни биле многу возбудени што успеале да се договорат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rolling Stone India (@rollingstonein)

Се чини дека ѕвездата од сагата „Пиратите од Карибите“ веќе го спремила својот изглед и во текот на ревијата ќе го видиме како носи некои модни парчиња од машката линија Savage. Неговиот  изглед е опишан од TMZ како „кул и шик“.

На ревијата ќе учествуваат и други ѕвезди, а меѓу манекенките главни лица ќе бидат Ирина Шајк и Кара Делевињ.

 

Слични објави

Ана Николиќ тајно ги оперирала градите: Ги намалила силиконите, за што платила 5.000 евра

Еспресо

(Фото) Јелена Ѓоковиќ ја крена Србија на нозе со ноќна порака, еве што напиша таа

Еспресо

(Фото) Парис Хилтон ја ископира Јелена Карлеуша: Стајлингот од 10.000 евра го облекла пет дена подоцна

Еспресо

Хороскоп за 1 февруари: Водолии, играте на картата за емотивен ризик

Еспресо

„Новак не е робот, ова не е само спорт“: Марија Шерифовиќ јавно му се обрати на Ѓоковиќ

Еспресо

(Видео) Жешки пози пред камерата: Рада Манојловиќ без градник го „запали“ интернетот

Еспресо
Се вчитува....