4.8 C
Скопје
23:38 - 12 март, 2026

Џенифер Лопез и Бен Афлек одвоени и за годишнината од бракот: Тој во Лос Анџелес, таа во Њујорк

Џенифер Лопез и Бен Афлек, славна двојка која беше пример за голема љубов, минуваат низ најтешката фаза од нивната врска. Одделно ја прославија втората годишнина од бракот, пренесува Hello.

Бен и Џенифер се венчаа во Лас Вегас во 2022 година и ја прославија својата прва годишнина од бракот во 2023 година, но годинава не се собраа заедно ни за годишнината.

Инстаграм, во деновите на среќа

Наместо да ја прослават својата втора годишнина (на 16 јули 2024 година), парот изгледа поотуѓено од кога било.

Џенифер и Бен сега поминуваат време на сосема спротивни страни. Бен, вчера, бил забележан во Лос Анџелес, додека Џенифер од 4 јули живее во Хемптонс во Њујорк. Се чини дека оваа физичка разделба ја одразува растечката емоционална дистанца меѓу нив.

Двојката повеќе не живее заедно во нивната „палата од соништата“ во Беверли Хилс, вредна 68 милиони долари. Бен сега живее во изнајмен стан за кој плаќа 100.000 долари месечно во Брентвуд, во непосредна близина на неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер и децата.

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....