Босанскохерцеговската пејачка Џејла Рамовиќ ја промовираше својата нова песна со наслов „1004“. Нејзините обожаватели веќе предвидуваат дека овој сингл ќе постигне огромен успех.
„’1004′ е песна за моментот кога ќе престанеш да се враќаш на истото место. За моментот кога знаеш дека веќе нема што да се поправа и по првпат навистина го прифаќаш тоа“, напиша меѓу другото Џејла, заблагодарувајќи им се на своите соработници.
Музиката за песната е дело на Мира Мијатовиќ, додека текстот и аранжманот ги потпишува Сашко Николиќ. Режисер на видеоспотот е Миомир Милиќ.
„На крајот, најголемата благодарност ви ја должам вам кои ме слушате и поддржувате со години. Се надевам дека и оваа песна ќе најде пат до вашите срца и искрено се радувам да слушнам како ви се допаѓа. Слушајте ја ‘1004’ и пишувајте ми ги вашите впечатоци“, порача младата пејачка.
