18:15 - 31 јануари, 2026

Џастин Бибер е во сериозна психичка состојба по апсењето на Пи Диди: „Тој е згрозен“

Џастин Бибер наводно е „апсолутно згрозен“ од скандалот околу неговиот поранешен ментор, уапсениот рапер Диди Комбс, кој е обвинет за силување, трговија со луѓе и водење криминална организација.

„Џастин беше советуван да се држи настрана од се што е поврзано со Диди“, изјави инсајдер за магазинот „Ју-ес викли“.

Според изворот, Бибер, кој го дочека своето прво дете со сопругата Хејли во август, сака да се заштити од скандалот околу Диди и неговите озлогласени забави, на кои се собирале многу познати личности.

Друг извор тврди дека Бибер е во сериозна психичка состојба.

„Тој има историја со Диди, а обвинувањата против раперот беа тешки за обработка“, тврди инсајдерот, додавајќи дека Бибер моментално најмногу е фокусиран на својот син.

„Тој е целосно згрозен од скандалот, тој не сака ништо да има со оваа ситуација. Тоа е во неговото минато и тој сака да остане тоа таму. Неговата среќа што е татко ја надмина неговата вознемиреност за Диди“, тврди изворот.

Да потсетиме дека Бибер преку ноќ стана успешен на само 14 годишна возраст и тоа благодарение на Пи Диди.

Во 2008 година, тој потпиша со издавачката музичка куќа на Комбс, а тоа го означи почетокот на неговото блиско пријателство со Диди.

По апсењето на раперот, на интернет кружат стари видеа од нивната дружба. Во едно видео тогаш 40-годишниот Диди вели дека сака (тогаш 15-годишниот Бибер) да преноќи кај него.

Во едно старо интервју во шоуто на Џими Кимел, водителот го прашал Диди дали сака на Бибер да му подари Ламборџини, како што му подарил на својот син.

„Тој доби Ламборџини на ден или два и имаше пристап до куќата. Џастин знае дека не смее да зборува за работите што ги прави со неговиот постар брат Паф (Диди настапуваше под името Паф Деди) на националната телевизија. Не е се е за секого“, одговори тогаш раперот.

(Видео) Пријател или жртва: Зошто молчи Џастин Бибер по апсењето на Пи Диди, еве ги деталите

 

 

Слични објави

(Фото) Северина во злато од глава до пети: Пејачката објави досега невидена фотографија од 2022 година

Еспресо

„Само никогаш немој да ми забраниш да го гледам моето дете“: Гоца Тржан проговори за расправиите со Раша

E.A.

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova
Се вчитува....