13:55 - 12 март, 2026

Детали за второто породување на Ријана: Момчето е родено на почеток на август во тајност

35-годишната пејачка, бизнисменка и милијардерка од Барбадос Ријана стана мајка по втор пат, а таа и A$AP Роки повторно добија син. ТМЗ ова го известува исклучиво повикувајќи се на свои извори. Според таблоидот, пејачкта тајно родила момче на почетокот на овој месец.

Извори блиски до парот велат дека бебето е родено на 3 август во Лос Анџелес. Името на детето не е познато, но наводно првата буква од неговото име е Р.

Потсетуваме дека Ријана целосно исчезна од очите на јавноста пред неколку недели, иако пред тоа постојано присуствуваше на забави и настани покажувајќи го огромниот разголен стомак.

Славната личност ја објави својата втора бременост уште во февруари, и тоа го направи многу ефикасно – за време на нејзиниот настан на полувремето во Супер Боул. Рири на стадионот се појави во црвена модна комбинација, која јасно ја демонстрираше нејзината бременост, а заоблениот стомак јасно покажуваше дека таа во тој момент била неколку месеци бремена.

Првото дете на Ријана и нејзиното момче се роди на 13 мај 2022 година. Тие го нарекоа својот син RZA Ателстон Мајерс како почит на познатиот водач на кланот Ву-Танг. Името на детето стана познато една година по неговото раѓање.

Слични објави

(Фото) Голема роденденска забава за малиот Перун: Синот на Огњен Амиџиќ наполни две години

Еспресо

Една година пред да почине ѝ се случи нешто важно: Помалку позната приказна за Атина Апостолова

msp-admin

Естрадата се простува од братот на Дарко Лазиќ: Слоба и Јелена го посетија пејачот во Брестач

Еспресо

Убави вести од Спасен Силјановски, во приказната е и Сузана Гавазова

msp-admin

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin
Се вчитува....