6.9 C
Скопје
04:11 - 1 април, 2026

Дејвид Бекам ја исмејува сопругата: „Не ги лажи фановите за своето потекло“

Фудбалерот и тренер Дејвид Бекам за време на интервју ја фатил својата сопруга како лаже за нејзиното потекло, пренесува Дејли меил.

Поранешната пејачка на Spice Girls, Викторија Бекам изјави дека никогаш не живеела луксузен живот, а нејзините родители биле обични работници. Сепак, за време на интервјуто, нејзиниот сопруг ги слушнал зборовите на дизајнерката и забележал дека таа ги лаже своите обожаватели.

“Биди искрена! Во што те носеше татко ти на училиште?“ – саркастично прашал Бекам.

На што неговата сопруга одговорила дека во 80-тите нејзиниот татко имал Ролс-Ројс, во кој редовно ја возел својата ќерка.

Викторија го запознала својот иден сопруг Дејвид во 1997 година на фудбалски натпревар, на кој нејзината колешка од групата „Spice Girls“ Мел Си ја поканила. Помалку од една година откако се запознаа, Викторија и Дејвид ја објавија својата свршувачка, а на 4 јули 1999 година се венчаа. Двојката има четири деца: синовите Бруклин, Круз и Ромео и ќерката Харпер.

Претходно објавивме дека Викторија Бекам за првпат го коментираше неверството на нејзиниот сопруг со неговата лична асистентка.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....