3.8 C
Скопје
00:08 - 13 март, 2026

Дебора-Ли Фернес „уништена“ по објавата за развод од Хју Џекман

Станаа познати нови детали од разводот на Хју Џекмен и Дебора-Ли Фурнес. Како што се испостави, одлуката за разделување беше донесена „по многу размислување“.

Извор близок до парот изјави за People дека поранешните љубовници се „уништени“ и дека раскинувањето е многу тешко за секој од нив.

„Тоа не беше ненадејна одлука – тие поминаа многу време и добро размислија. Оваа одлука ја донесоа заедно. Сега секој оди по својот пат, но тие секогаш ќе бидат семејство. Тие секогаш ќе бидат родители и најдобри пријатели. “, изјави инсајдерот.

Хју (54) и Дебора (67) имаат две посвоени деца: Оскар (23) и Ава (18).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @hughanddeb

Да потсетиме дека Џекмен и Фернес преку заедничка изјава објавија дека се разведуваат по 27 години брак. „Имавме среќа што живеевме заедно речиси три децении како маж и жена во прекрасен брак полн со љубов. Нашиот пат се менува и решивме да се разделиме за да продолжиме со сопствениот развој“, се вели во објавата за развод.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @hughanddeb

Според извор на Дејли Мејл, на врската на двојката негативно влијаело изолирањето за време на пандемијата на коронавирус и тековните штрајкови на холивудските актери и сценаристи. Инсајдерот рече дека во последниве години, љубовта меѓу Хју и Дебора почнала да се претвора во пријателство и конечно пропаднала за време на изолацијата за Ковид.

Хју Џекмен и Дебора-Ли се запознале на снимањето на австралиската ТВ серија Корели, а помалку од една година подоцна, на 11 април 1996 година, се венчале. Двојката последен пат заедно се појави на црвениот тепих на Мет Гала на 1 мај, а во јули присуствуваа на машкото финале на Вимблдон.

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....