Пејачот Дарко Лазиќ проговори за тешката загуба по смртта на својот брат Драган Лазиќ, кој загина во сообраќајна несреќа на 11 март. Во емотивна исповед, тој откри низ што поминува неговото семејство, но и како се справува со болката.
„Не знам што да ти кажам… Го прифатив тоа, едноставно… Животот оди понатаму, а за жал понекогаш не е фер, но мојата работа е да пеам и морав да продолжам да пеам. Знам дека ни тој не би сакал да престанам“, рече Лазиќ.
Пејачот се осврна и на негативните коментари на социјалните мрежи поради тоа што настапува иако не поминале ни 40 дена од трагедијата.
„Прочитав дека луѓето пишуваат ‘срам да ти е, не поминале ни 40 дена, а веќе пееш’. Па чекајте луѓе, имате ли малку почит? Јас морам да издржувам три семејства“, истакна тој.
Лазиќ призна дека би се откажал од музиката доколку тоа би го вратило неговиот брат.
„Најрадо би, кога би знаел дека можам да го вратам, никогаш повеќе во животот не би запеал. Но, публиката очекува од мене да пеам, а и тој би се налутил ако престанам. Тој е со мене, во моето срце, и ќе пеам за него до крајот на животот“, додаде пејачот.
Драган зад себе остави сопруга и две мали ќерки, кои, како што вели Лазиќ, веќе знаат дека нивниот татко починал.
„Јас морам да бидам силен, бидејќи останав со нив. Ако ме видат мене да паднам, и тие ќе потонат во уште поголема тага. Се трудам да ги охрабрам и да ја кренам таа кула што се сруши. Морам да се грижам за децата, за мајка ми, за снаата…“, рече тој.
Тој додаде дека девојчињата се уште мали, но свесни дека нивниот татко повеќе го нема.
„Знаат дека тато го нема. Децата не сфаќаат целосно колку е тоа страшно, но јас сум тука за нив 24 часа“, нагласи Лазиќ.
Пејачот откри дека неговите настапи веќе никогаш нема да бидат исти.
„Имав проба и се прашував дали воопшто можам да пеам. Пеев со многу повеќе емоција од порано. Го чувствувам покрај мене и ми дава сила. Мислам дека секоја песна отсега ќе ја доживувам многу подлабоко“, изјави тој.
Лазиќ откри и дека планирал да сними дует со својот брат, но трагедијата го спречила тоа.
„Требаше да снимиме, но се случи тоа што се случи. Само би им порачал на луѓето што пишуваат глупости – никому не би му посакал да го доживее ова што јас го доживеав. Нека си го гледаат својот живот и нека им посакам здравје, тоа е најважно“, порача пејачот.
