7.8 C
Скопје
22:23 - 31 март, 2026

Дарко Лазиќ открива има ли живот по смртта: „Бев во кома 23 дена, видов некои луѓе…“

Пејачот Дарко Лазиќ пред пет години доживеа тешка сообраќајна несреќа во која едвај преживеа, а несреќата има последици и до ден денес.

Во несреќата тој се здоби со тешки физички повреди, беше во кома 23 дена, а сега за прв пат раскажа што навистина му се случило.

Имено, фолкерот гостуваше во подкаст, каде опиша сцени од привиденија додека бил на апарати за одржување во живот.

– Имав сообраќајна несреќа во октомври 2018 година и буквално по неколку часа бев отпишан. Целосно потонав. Два месеци бев во болница. Да не зборуваме за повредите, кои се страшни: 12 скршени ребра, скршен колк, карлица, граден кош, хематом на глава, слезина, бубрег… Се, се. Еден месец дишев на машини. Бев во кома 23 дена. Тоа е многу чудна работа. Нон стоп ги имав во глава и гледав некои бели или светло сини завеси кои постојано беа таму, летаа. Видов и некои луѓе кои воопшто не ги познавам. Малкумина го знаат тоа, а сега го кажав. Тие 23 дена траеја како да легнав и спиев и се разбудив следниот ден – откри Лазиќ, а кога неговите соговорници изјавија дека може да се разбере дека ова е „како да бил од другата страна“, тој одговори:

– Бев клинички мртов, во кома. Знам дека ме реанимираа. Така и ми рекоа подоцна, па има нешто по смртта сигурно.

Лазиќ истакна дека и тој извлекол поуки од оваа несреќа.

– Лошата страна е што бев многу повреден и што се уште имам проблем со ногата и тие повреди. А добрата страна на мојата несреќа е што конечно видов кој не ми треба во животот и научив што не сакам, а што сакам.

Лекарите на Дарко му предвиделе дека тој може да остане неподвижен, што беше најлошо од се. Сепак, после направената операција, се тргнало на добро, пренесува српски „Пинк“.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....