23:16 - 12 април, 2026

Дарко Лазиќ открива дека Каќа ќе му роди девојче: Еве како реагирале на веста децата од другите бракови

Пејачот Дарко Лазиќ по третпат ќе стане татко.

Дарко од првиот брак со пејачката Ана Севиќ ја има ќерката Лорена, а со Марина синот Алексеј. Сега Катарина ќе му подари мало девојче:

– Лорена знаеше за тоа одамна и беше пресреќна, обожава деца, а Алексеј беше целиот збунет, тој е уште мал и не знаеше што го снајде, но рече дека би сакал да биде батко, рече Дарко, а на прашањето како реагирал кога дознал дека Каќа останала бремена, одговори:

„Па јас работев на тоа, едвај чекав“.

Лазиќ признава дека имало и солзи.

– Знаете дека сум многу емотивен и дека се што е семејно, многу лесно попуштам и емотивна сум особено кога се во прашање децата. Секако имаше солзи, не можам да се воздржам кога ќе излезе од мене.

Дарко откри каква е Каќа како трудница, дали има многу барања:

– Не беше до вчера захтевна, а потоа почна малку да ме малтретира. Сите овие се убави и слатки маки, ништо не ми е тешко. На сите им ги исполнувам желбите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DARKO LAZIĆ (@darkolazicofficial)

Во медиумите се шпекулираше дека парот ќе добие девојче, а Лазиќ сега потврди:

– Девојче е. И двајцата сакавме девојче. Уште не сме размислувале за името, има време, полека.

 

Слични објави

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо
Се вчитува....