14.8 C
Скопје
23:01 - 25 октомври, 2026

Дара Бубамара призна зошто не посетува секс-шопови

Иако неодамна доби понуда да биде заштитно лице на синџир секси продавници, Дара Бубара сега изјави дека не ги посетува овие продавници.

– Не одам во секс-шоп, но моите пријателки ми набавуваат корсети и стегачи од такви продавници, бидејќи се добри за настапите. Немам потреба да пазарувам таму, бидејќи сум жив секс! Затоа мажите ми се додворуваат каде и да се појавам. Имам палави немири во себе и тие се постојано активни – рече Дара Бубамара.

Пејачката потоа рече дека е трн во окото на некои колеги и дека поради тоа коментираат негативно за неа.

– На некои колеги им е досадно што скокам од фрижидер, па се фатиле за мене и плукаат по мене за да добијат маркетинг преку моето име. Сите тие се неважни ликови, јас ги нарекувам шалабајзери. Никогаш нема да слушнете дека „ме плукале“ Цеца Ражнатовиќ, Здравко Чолиќ, Лепа Брена, Драгана Мирковиќ… – рече таа, откривајќи што ѝ било многу тешко во последно време:

– Тешко ми е што снимам секој ден, пеам секој викенд, имам приватни обврски, син, но сепак сè завршувам. Добро сум организирана. Станувам пред девет часот, а потоа започнува акцијата… Имам цел тим луѓе кои се грижат за мене, бидејќи сакам луѓето да ме коментираат и да го фалат мојот изглед. Се случува да „заминам во минус“ и премногу да се заморам од сè, но потоа земам една недела одмор и одам на море. Тоа ќе го направам наскоро, штом ќе заврши снимањето.

 

Слични објави

Злата Петровиќ отворено за минатото: „Бев добра љубовница, но никогаш од корист“

Е.А.

Страшна тајна се крие во хитот на Цеца — „Расуло“ е напишана од две најголеми лични и семејни трагедии

Е.А.

Саша Капор со потресна порака за смртта на познатиот композитор Зоран Тутуновиќ – Тутун

Е.А.

Наташа Беквалац шокираше со признанието за гласот и сопствениците на клубови: „Не ме сакаат бидејќи со мене нема голем промет“

Е.А.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се преселија во Мадрид

Е.А.

(Фото) Ава Карабатиќ се спореди со Шарлиз Терон, следуваа брутални коментари: „Оди бери маслинки“

Т.Ц.
Се вчитува....