5.8 C
Скопје
03:29 - 1 април, 2026

Дара Бубамара не сака да пишува книга за нејзиниот живот, туку сака да снима филм, во кој сама ќе се глуми себеси

ВО српските медиуми се прошири веста дека „Гранд продукција“ снима документарен филм посветен на Саша Поповиќ, кој почина на 1 март годинава. Проектот, на кој се работи веќе некое време, е исклучително тежок и вклучува голем број соговорници, локации и архивски материјал, пишува Информер.

Дара Бубамара, која деновиве повторно се најде во конфликт со колешката Милица Павловиќ, го коментираше снимањето на документарецот за Поповиќ и истакна дека никој не ја поканил да учествува во проектот.

– Слушнав нешто за тоа синоќа, но сè уште не ги знам деталите. Не бев соговорничка, но би била добра за тоа бидејќи го познавам долго време. Мислам, нека одлучи продукцијата – рече Дара пред медиумите.

Пејачката веднаш потоа откри дека сака да направи и филм за својот живот.

– Ќе снимам мој филм за мојот живот, ама јас да глумам. Хелена, ќерката на мојот брат, пее фантастично и може да ме глуми како мала. Еве сега го замислив тоа, но често ми се случува кога замислувам нешто тоа и да ми се оствари – рече таа, а потоа додаде:

– Да речеме „Моите принципи“, за да можат луѓето да видат колку ми беше тешко и дека мојот пат не беше лесен, бидејќи како девојка се изборив за сè. Нема да пишувам книга, бидејќи не може да се опише толку добро, а морам и јас да глумам.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....