7.8 C
Скопје
19:44 - 1 април, 2026

Дара Бубамара ја понижи колешката: За Весна сум ѕвезда, треба да се срами!

Весна Ѓогани претходно изјави дека Дара Бубамара, била „во елемент“ кога го прозвала семејството Ѓогани, а пејачката од Нови Сад истакнува дека да била на местото на Весна, би се срамела да спомене некој што е поголема ѕвезда од неа.

– Весна Ѓогани очигледно сака постојано да биде на порталите. Би ми било срам да ги спомнам големините што се над мене. Не е важно што зборува некој, туку кој го зборува – рече Дара.

Дара откри зошто колеги како Боки 13 и Едита Арадиновиќ ја „боцкаат“ во медиумите во последните денови.

– Мислам дека сум секогаш актуелна, иако тоа е нормално. Кога ќе се појавам во медиумите, веднаш настанува хаос. Мојата енергија и харизма предизвикуваат реакции, има и малку љубомора. Но, нека ме споменуваат, јас нив нема – рече пејачката и додаде:

Таа се осврна и на односите со членовите на жирито на „ Ѕвездите на Гранд“.

– Сите ми се прекрасни. Имаше само некои ситни кавги со Кеба. Превртувам очи кога зборува, но ништо сериозно. Освен Кеба, имав само мал конфликт со Мили. Но полека… Само сме на почеток. Нашата цел е да најдеме ѕвезда, а не да создадеме циркус – објасни Дара.

Слични објави

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо
Се вчитува....