08:38 - 15 декември, 2025

„Дара Бубамара ѝ должеше на Марина Туцаковиќ 10.000 евра“: Шест години не зборувале по жестоката кавга

Српските медиуми своевремено бруеа за кавгата меѓу Дара Бубамара и Марина Туцаковиќ, која ја обвини пејачката дека и должи пари.

Денес покојната хитмејкерка Марина Туцаковиќ пред неколку години крена вистинска врева во медиумите кога ја обвини фолк пејачката Дара Бубамара дека ѝ должи околу 10.000 евра за девет песни што ѝ ги напишала за албумот „Delete“ од 2013 година.

Но, Дара тогаш остро го демантираше тоа, правдајќи се дека финансиски ѝ помага и ѝ дава скапа гардероба. Разменија реплики и прозивки, а поради оваа ситуација не зборувале цели шест години. Во 2019 година решија да ги закопаат секирите, а Марина го напиша текстот за дует-нумерата на Дара „Немој много да ме волиш“, кој пејачката ја отпеа со Слобо Радановиќ.

Пред помирувањето вака зборуваа една за друга:

“Како не ти е срам? Те воскреснав од мртвите, ти заработи милиони на моите песни, купи станови. Па, добро, што е, тука е.  Некои работи и да сакаш не можеш да ги промениш. Дара не е единствена што должи, ги има премногу.Нема да ги набројувам. Кој што сака нека прави, што се однесува до мене човек сум и знам да простам зошто да не и простам? Па не е се до парите. Некои работи и зборови болат повеќе од парите.Јас и Дара добро се сложувавме и приватно и професионално, ќе и подадев рака. Но затоа – потоа, нека да биде како што треба да биде. Не размислувам многу за тоа, да ви кажам право“, изјави тогаш Марина Туцаковиќ.

А Дара ѝ одговори:

„Марине е заслужна за многу мои хит песни, н и пред Марина имав големи хитови. Значи, Дара не е врзана ни за Браја ни за Марина, ниту не знам за кои композитори. Јас сум во фазон – не ме допирај, не те допирам, и кој прв ќе ме допре, јас му одговарам. Не ме погодува ништо што коментираат луѓето од естрадата кои се само гребатори за насловни страници, и кои се желни за написи во весниците преку мене. На Марина ѝ платив се. Што да кажеме за она кое, покрај парите, го добиваше од мене? – рече во една пригода Дара.

 

Слични објави

(Фото) Голема промена кај Весна Бејби по 20 години, а покажа и каква е кога ќе стане од спиење

msp-admin

Хороскоп за 15 декември: Девиците ќе доживеат кулминација, Јарците ќе ги истакнат своите квалитети

Еспресо

„Користи лекови, има пиштол, импотентен е и е шворц“: Атина Ферари со шок-тврдења за Аца Лукас

Еспресо

Ера Ојданиќ го воодушеви внукот: За 18. роденден му подари подарок вреден 160.000 евра

E.A.

(Фото) Кадар што ги топи сите срца: Милан Васиќ покажа како го разгалува својот син Деспот

Еспресо

(Фото) Погледнете ги луксузните празнични декорации на најбогатата балканска пејачка!

Еспресо
Се вчитува....