9.8 C
Скопје
19:51 - 4 февруари, 2026

Данијела Мартиновиќ по болното раскинување со Петар Грашо: „Мајка ѝ на Хана ја доживував како своја“

Иако по повеќе од две децении љубов Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо тргнаа по различни патишта, пејачката со голема почит зборува за луѓето кои биле дел од нејзиниот живот во тие години, особено за текстописецот Вјекослава Хуљиќ.

Гостувајќи во телевизиски серијал посветен на автори и музички кариери, Данијела се присети на периодот кога како многу млада влегла во групата „Магазин“ и кога Вјекослава станала важна фигура во нејзиниот живот.

„Ја познавам уште од мојата 19 година, од моментот кога дојдов во ‘Магазин’. Тоа беше огромен предизвик по Љиљана Николовска, која и денес ја сметам за една од најдобрите пејачки на овие простори“, раскажа Данијела.

Таа нагласи дека токму првиот албум на групата бил силен ветер во грб за Вјекослава како авторка, но и дека нивната врска со текот на времето станала многу повеќе од професионална.

„Во младоста ја доживував како втора мајка. Кај неа чувствував некаква женска и мајчинска сигурност. Знаев на фестивали да седнам до неа, па и во скут, и тоа ми беше најприродната работа на светот. Подоцна сфатив дека тоа нема врска со годините, туку со енергијата што некој ја носи во себе“, искрена беше пејачката.

Од друга страна, и Вјекослава никогаш не криела дека за Данијела има само пофални зборови, потсетувајќи дека токму во деведесеттите таа била една од најголемите ѕвезди на забавната музика, со албуми и песни што го одбележале тоа време.

По раскинувањето со Грашо, Мартиновиќ започна ново животно поглавје. Денес е во врска со Јосип Плавиќ, поранешен криминалистички инспектор, за кого вели дека ѝ е најголема поддршка и сигурно засолниште.

„тој е моето мирно пристаниште, мојата сила и мојата потпора. Таква личност досега не сум сретнала“, изјави таа во една од претходните прилики.

Слични објави

„Да ми палат свеќи затоа што им ги спасив браковите!“: Јована Јеремиќ откри детали од приватниот живот

Еспресо

Прво огласување на Милица Тодоровиќ по породувањето

Е.А.

(Видео) Маја Оџаклиевска се повлече од сцената за да се грижи за внукот, но сега повторно запеа

Еспресо

(Фото) Поранешната љубовница на Кеба се мажи: Фатена во златарница како избира прстен, еве кој е идниот младоженец

Еспресо

(Видео) Ѓани и Слаѓа уживаат на плажа во Дубаи: Она што го направи пејачот ги остави сите без зборови

Еспресо

(Фото) Голиот задник во преден план: Заводливата Ирина Шајк позираше без долна облека

Еспресо
Се вчитува....