09:16 - 2 април, 2026

Дали принцот Хари навистина претера? Го обвинуваат дека ја омаловажил кралицата Елизабета

меган маркл, принц хари

Кралската биографка Анџела Левин изјави дека верува дека принцот Хари ја омаловажува кралицата Елизабета Втора откако објави дека ќе ја пропушти комеморацијата за Принцот Филип, нејзиниот покоен сопруг и негов дедо, поради правниот спор околу неговата безбедност и заштита за време на неговиот престој во Британија.

Портпаролот на Хари потврди дека принцот ќе ја прескокне комеморацијата на 29 март во Вестминстерската опатија, но се очекува да присуствува на Игрите Invictus, кои започнуваат во Холандија само две недели подоцна.

Левин го обвини Хари за „уцена“ кога станува збор за комеморацијата за неговиот дедо, принцот Филип, со оглед на тоа што британската влада одлучила да му ја ускрати кралската заштита за време на неговиот престој во Обединетото Кралство.

Биографката смета дека со своето однесување Хари го омаловажува војводата од Единбург, принцот Филип, но дека „всушност ја омаловажува кралицата“, пренесуваат британските медиуми.

Портпаролот на принцот Хари не соопштил зошто Хари ќе ја пропушти комеморацијата, но рекол дека се надева дека наскоро ќе ја посети неговата баба.

Слични објави

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски едвај се спасил

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо
Се вчитува....